Пристигнаа информациите од МФМ за годинешното 30-то по ред мото рели Македонија - Независност 2021.

Во соопштението од МФМ се вели:

Почитувани,

Ве известуваме дека пријавувањето за традиционалното Рели Независност 2021 е во тек и ќе трае се до 31 Август 2021 година. Рокот е со цел навремено да се подготват сите материјали за учесницитие и местата во кои ќе поминува самото рели.

Котизацијата за учество изнесува 1,000,00 денари за возач и 800 денари за совозач и истите треба да се уплатат на сметката на Мотоциклистичка Федерација на Македонија или во готово секој ден од 11 до 18часот во просториите на МФСМ (сабота до 15h).  Пополнета пријава за учество треба да се достави до организаторот.

Жиро сметка: 210-0629307701-96

Назнака: Котизација за Рели Македонија 2021

Мотоциклистичка Федерација на Македонија

НЛБ Тутунска Банка Скопје

 

Трасата на релито е следна:

Почеток во 10 часот од Плоштадот Македонија во Скопје (03.09.2021)

Ден 1: Скопје-Штип-Кочани пауза Доручек.-Македонска Каменица- Делчево-Берово- Срумица пауза Освежување-Дојран Ночевање .Вечера во 20.00час. Камп Партизан

Ден2: Дојран-Гевгелија-Неготино-Кавадарци-Прилеп Крушево-Битола- Ресен-Охрид Ночевање, Вечера ,Забава , Томбола и Додела на награди и Благодарници Ресторан Белведере до Силекс Хотел во 20.00 час.

Ден3: Охрид-Кичево-Стража-Тетово-Скопје

 

Финиш во Скопје Плоштад Македонија

П.с. Можни се и мали измени на трасата и паузите, поради ситуацијата со Ковид 19 за што навремено ќе бидете известени .

Важно: И на двете вечери и по патната траса влез во Локалите ке биде дозволен само за Вакцинирани комплет и со само една доза како и прележани од ковид 19 и со важечки ПЦР тест.

Документите за пријава можете да ги превземете од овде:

- Единечна пријава

- Групна пријава

Back To Top