Мотоциклистите редовно ја докажуваат и покажуваат својата солидарност. Така е и со последните вонредни ситуации со пожарите кои се сериозна опаснот на целата територија на државата.

232294193 1451939958516671 3574479447047048095 n

Овие денови вистински херои се членовите на мото клубот Ендруро Тим Дечево во огромен број помагаат на фронтот против огнените јазици кои ги зафатија селата од делчевска страна – Стар Истевник, Нов Истевник Тработивиште, Вирче.

Не помалку храбри од екипите кои што се справуваа со огнената стихија од страната на Пехчево, како и доброволците и противпожарните екипи на фронтот со оганот, но сепак моторциклистите на делчевскиот мото клуб Ендуро за денешниот пеколен ден го понесоа епитетот на вистински херои.

Се надеваме целата ситуација ќе се стабилизира побрзо, а исто така се надеваме дека овој потег на Ендуро Тим Делчево ќе ги инспирира и останатите да помогнат. 

Извор: https://bregalnicki.mk/

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.