На 25-ти октомври (недела) на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи 

На ден, 25.10.2020, МК Вардар, во соработка со Македонската Мотоциклистичка Федерација, на својот мотополигон „Орман“, ќе го организира вториот наптревар од Шампионатот на Македонија во Мотокрос 2020. Во прилог е посебниот правилник за натпреварот и скицата од патеката.

Како што сите знаеме, трката ке се одвива во услови на пандемија од COVID-19 и поради тоа ќе е без присуство на публика, храна и пијалоци нема да се служат, а возачите и нивните екипи се молат да се придржуваат до протоколот пропишан од Министерството за Здравство за справување со пандемијата.
-ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е НОСЕЊЕ МАСКА И ОДРЖУВАЊЕ ПРОПИШАНО РАСТОЈАНИЕ-

Ви посакувам пријатен ден, со почит,
Боби Иванов, претседател на Мото Клуб Вардар

Прилог:

Посебен правилник Орман 2020

Државно првенство во мотокрос
ПОСЕБЕН ПРАВИЛНИК
Мото Крос Трка – Орман 2020
25.10.2020

Член 1
МК Вардар – Скопје, во согласност со календарот на МФСМ и Правилникот за мотокрос на МФСМ, закажува мото-крос трка во класите MX1, МХ2, MX и MX85.

Член 2
Трката ќе се одржи на полигонот за мотокрос Орман. Патеката е долга 1500 метри, минимална ширина 5 метри и старт од 55 метри. Висинската разлика е 10 метри, а зоната за чекање и за механичари е одредена зад стартот. Скицата е дадена во прилог.

Член 3
Адресата на организаторот е: МК Вардар, Хелсинки 14 А, 1000 Скопје, тел: 02 309 1199. Пријави за трката се доставуваат до 22-ри октомври, 2020, на адреса на организаторт, МК Вардар - Скопје.

Член 4
Спортски директор на трката е Александар Николовски. Главен судија е Ивица Милошевиќ, а секретар Филип Николовски, додека технички преглед, Бјанка Трајковска.

Член 5
Жири комисијата е составена од претседател, Зоран Трајковски и членови: Александар Николовски и Сашко Ванов.

Член 6
Трката ќе се спроведе според Правилникот за мотокрос на МФСМ, како и правилата на ФИМ и ФИМ - Европа. Мотоциклите и опремата на возачите треба да се по стандардите на ФИМ и ФИМ - Европа.

Член 7
Излегувањето на стартната рампа во првото возење е според пласманот од претходната година, а во второто според пласманот во првото возење. Стартната листа и времените и конечните резултати од секоја трка ќе бидат објавувани на табла кај трибината покрај патеката.

Член 8
Бодувањето и пласманот во поединечна и екипна конкуренција се врши според Правилникот за мотокрос за 2020 год.
Објавување на резултатите ќе се врши на огласна табла во боксот на возачите по секоја рунда. По завршување на вторите рунди се објавуваат и вкупните резултати.
Приговори за резултатите во писмена форма се доставуваат од клубовите или лично од возачите најдоцна 30 минути по објавувањето на резултатите кај секретарот на трката со приложена такса од 1,000 денари.

Член 9
За сите класи, освен МХ85 задолжително е учество од 1,000 денари. Возачите од сите класи задолжително треба да поседуваат осигурување. Организаторот на првите три возачи во секоја класа ќе им додели признанија во вид на медали или благодарници.

Член 10
Редослед на програмата е еднодневна за 25-ти октомври.
- 09:30-10:00 технички преглед и верификација во бокс за возачи
- 10:10-10.201 прва седница на жири во објектот на полигонот
- 10:20-10:40 службен тренинг МX+MX85 (задолжителни 3 круга)
- 10:45-11:05 службен тренинг МХ2 + МХ1 (задолжителни 3 круга)
- 11:15 втора седница на жири во објектот на полигонот
- 11:30 Свечено отварње на трката
- 12:00 прва трка МX+MX85 (15 минути плус 2 круга)
- 12:25 прва трка МХ2+МХ1 (20 минути плус 2 круга)
- 12:55 втора трка МХ+МX85
- 13:20 втора трка МХ2+МХ1
- 13:45 трета седница на жири во објектот на полигонот
- 14:10 прогласување на победници пред објектот на полигонот

Член 11
Овој Посебен правилник е усвоен од МК Вардар и од Комисијата за мотокрос на МФСМ – октомври 15, 2020.

Член 12
Бидејќи трката ке се одвива во услови на пандемија од COVID-19 истата ќе се одвива без присуство на публика, храна и пијалоци нема да се служат, а возачите и нивните екипи се молат да се придржуваат до протоколот пропишан
од Министерството за Здравство за справување со пандемијата.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е НОСЕЊЕ МАСКА И ОДРЖУВАЊЕ ПРОПИШАНО РАСТОЈАНИЕ

МК Вардар - претседател
Боби Иванов

Back To Top