На патеката во Волково викендов се одржаа првите трки со скутери и супермото во организација на мото клубот Сакамото од Скопје.
На патеката во Волково викендов се одржаа првите трки со скутери и супермото во организација на мото клубот Сакамото од Скопје.
Сончевото време беше магнет за многу моторџии од целата земја да присуствуваат на првите трки со скутери и супермото кои се организираа по пауза од неколку години. Мото клубот Сакамото беше организатор на трките на кои учествуваа вкупно 20 натпреварувачи.
Трките со скутери се возеа во две класи, до 50 кубни сантиметри во која имаше 8 натпреварувачи и над 50 кубни сантиметри во која силите си ги одмерија 7 натпреварувачи. Во супермото се возеше во една дивизија во која следевме 5 натпреварувачи.
Публиката имаше можност да ужива и во трката на тројцата најмлади натпреварувачи кои ревијално возеа два круга на општо задоволство на сите присутни.
Возбудувањата во Волково започнаа со трката со скутери до 50ццм, од која како победник излезе Перо Јордановски, пред Бранислав Милошевски и Виктор Караколев. Трката беше исполнета со возбудливи маневри и неколку претекнувања, за на крајот Јордановски заслужено да дојде до победата.
Во продолжение и резултатите од трката:
Скутери 50 кубни сантиметри
- Перо Јордановски
- Бранислав Милошевски
- Виктор Караколев
- Христијан Спирковски
- Илија Петрушевски
- Виктор Таневски
- Мартин Јаневски
- Бојан Мишевски
Следна на програмата беше трката со скутери со зафатнина поголема од 50ццм. Во неа следевме голема борба за првата позиција помеѓу Даниел Блажевски, Оливер Гиовски и Александар Ацевски. На крајот победата му припадна на Гиовски кој до последниот свиок се бореше со Блажевски кој стартуваше од последното место, а на задоволство на бројната публика ни прикажаа одлична трка.
Скутери над 50 кубни сантиметри
- Оливер Гиовски
- Даниел Блажевски
- Александар Ацевски
- Марин Сугарев
- Александар Цилаков
- Александар Ангеловски
- Стефан Кочов
За крај на денот следуваа и трките со супермото. Се бодуваа во две класи, 250 и 450ццм, но се возеше во една дивизија бидејќи имаше само 5 натпреварувачи. Убедливо најдобар на патеката беше Слободан Ивчески кој немаше конкуренција, но затоа пак борбата за втората позиција помеѓу Драган Ванов и Зоран Каранфиловски беше вистински празник за очи. Втората позиција на крајот му припадна на Каранфиловски но затоа пак во класата до 250 Драган Ванов го зема златниот медал.
Во продолжение и резултатите од трките со супермото:
Супермото 250
- Драган Ванов
- Христијан Бузалковски
- Јове Иванов
Супермото 450
- Слободан Ивчески
- Зоран Каранфиловски
Резултати од дивизија:
- Слободан Ивчески
- Зоран Каранфиловски
- Драган Ванов
- Христијан Бузалковски
- Јове Иванов
За целата галерија од возбудувањата во Волково кликнете овде.
Следната трка на патеката Волково е закажана за крајот на Јуни, тоа ќе биде втора трка од вкупно 7 колку што се планирани. Иако трките беа најавени дека ќе се бодуваат за шампионатот на Македонија, заради неможноста да дојдат до заеднички јазик организаторот на трките и МФМ, ќе следиме трки за Сакамото купот на Македонија за 2014.