По пауза од две години, на 25 мај 2014 година на патеката во Волково, Скопје, ќе се одржи првата трка од Шампионатот на Македонија во скутери и супермото, а благодарение на мото клубот Сакамото од Скопје.

volkovo-trka-poster

Трката во дисциплината скутери ќе се бодува за класите: мотоцикли со зафатнина на моторот до 50 кубни сантиметри и мотоцикли со зафатнина на моторот над 50 кубни сантиметри, а додека кај супермотото ќе се вози класа до 250 и над 250 кубни сантиметри. На оваа трка се очекува настап од преку 25 натпреварувачи, а радува податокот за најава на нови возачи и нови мотоцикли.

Покрај овие две дисциплини, за прв пат во македонската мото историја, МК Сакамото ќе организира ревијално возење во дисциплината мини мото, која претставува основа за понатамошно градење на спортистите во мото спортот.

Квалификациите ќе започнат во 12.00, а стартот на трката е закажан за во 14 часот.

За оваа сезона, МК Сакамото најави организација на седум трки од дисциплините скутери и супермото.

Извор: МК Сакамото

Back To Top