На 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи првата трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Според најавите од Мотоциклистичката Федерација првата трка од шампионатот во мотокрос ќе се одржи на 7-ми јуни (недела), а ден порано ќе се одржат слободните тренинзи со почеток од 14 часот со кои ќе се одреди и распоредот за стартот на трките.

orman 2019 303

Трките во недела ќе започнат во 12 часот, а според препораките за заштите од Ковид-19, истите ќе се одржат без присуство на публика. Доколку дојде до промена на препораките пред трката истата можно е да се одржи со публика, но за ова дополнително ќе ве известиме.

За галерија од минатогодишната трка кликнете овде.

Back To Top