Патеката Лагово крај Прилеп ќе биде домаќин на деветата рунда од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која ќе се вози овој викенд (20 и 21.09.2014)

Патеката Лагово крај Прилеп ќе биде домаќин на деветата рунда од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која ќе се вози овој викенд (20 и 21.09.2014)

lagovo-prilep

Деветата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос ќе се одржи овој викенд на патеката Лагово крај Прилеп. На новата патека се вршат финалните подготовки пред спектаклот кој следува, а на кој се очекуваат повеќе од 140 возачи во класите МХ65, МХ85, МХ Ветеран, МХ2 (МХ2 јуниор) и МХ1. 

Доколку се суди според промотивната трка која беше организирана минатата година не очекува трка исполнета со публика која ќе може да ужива во мајсториите на најдобрите возачи во Источно Европскиот шампионат кои доаѓаат од Романија, Србија, Грција, Турција, Романија, Унгарија, Молдавија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и секако од Македонија. Од нашите возачи на Источно Европскиот шампионат оваа сезона настапи имаат: Адријан Ристевски (МХ85), Христијан Станкович (МХ2), Борче Костов (МХ3, МХ Ветерани), Гоце Томовски и Христијан Илиоски (МХ1).

Најголем успех бележи Христијан Илиоски кој во моментот се наоѓа на втората позиција во генералниот пласман во најсилната класа МХ1, а Борче Костов е на третата позиција во класата МХ Ветерани. Освен споменатите натпреварувачи се очекуваат и сите домашни возачи да се појават на патеката во Прилеп бидејќи трките ќе се бодуваат и за домашниот шампионат во соодветните класи.

Трката е во техничка организација на Општина Прилеп и Клуб за екстремни спортови - Skyriders Prilep и ќе биде единствена трка од овој шампионат во Македонија откако претходно беше откажана трката во Гевгелија. До крајот на Источно Европскиот шампионат во мотокрос по трката во Прилеп преостануваат уште две рунди, на 19.10 во Молдавија и 02.11 во Турција.

Back To Top