Шампионатот на Македонија во мотокрос продолжува со трката која во недела ќе се вози на патеката Порој крај Тетово.
Шампионатот на Македонија во мотокрос продолжува со трката која во недела ќе се вози на патеката Порој крај Тетово.
Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Шари мотокрос на 16 јуни на патеката Порој крај Тетово ќе се одржи вториот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2013.
Годинешниот шампионат во овој возбудлив спорт е распишан во 4 класи и се очекува учество на триесетина натпреварувачи од Македонија и соседните земји.
На првиот натпревар „Гран При Македонија 2013“ победници беа: Виктор Ивановиќ (МХ85), Никола Гулевски (МХ2), Гоце Томовски (МХ1) и Никола Тодоров (МХ3).
Според програмата квалификациите се во недела 16 јуни од 10:00 часот, а свеченото отворање на натпреварот е предвидено за 10:45 часот. Првото возење ќе започне во 11:00 часот, а второто во 13:00 часот. Бодовите од двете возења ќе ги одредат најдобрите по класи и во клупска конкуренција.
Извор: МФМ