motori balkan-marathon-rally-2013Организацијата на петтото јубилејно рели „Balkan Marathon Rally 2013“ кое ќе се одржи од 6-13 септември 2013 година на територијата на Македонија, Бугарија, Грција и Албанија му припадна на мото клубот Александар од Скопје.

balkan-marathon-rally-2013 

Организацијата на петтото јубилејно рели „Balkan Marathon Rally 2013“ кое ќе се одржи од 6-13 септември 2013 година на територијата на Македонија, Бугарија, Грција и Албанија му припадна на мото клубот Александар од Скопје. Ангажманот и успешно спроведените активности на членовите на МК Александар на минатото рели допринесоа ФИМ да им ја додели организацијата на престижното рели. 

Според најавите во 2013 натпреварувачите ги очекува многу изненадувања, релито повторно ќе биде дел од „Balkan Rally Raid Cup“, а ќе се бодува и за Европското Првенство во Централната Европска Зона на ФИА.

Воопшто не се сомневаме дека МК Александар професионално ќе ја изврши својата должност и притоа ќе ја афирмира Република Македонија, па затоа им посакуваме успешно рели, а вие можете да уживате во најдобрите моменти од годинешното рели:

Back To Top