Занимливости

Трон Легаси мотоцикл

thumb_11862Ова е светлечкиот, легален за сообраќај мотоцикл инспириран од компјутерско анимираниот мотоцикл кој се појавува во филмот Трон Легаси 2010.

Следете нè на:

thumb_11862Ова е светлечкиот, легален за сообраќај мотоцикл инспириран од компјутерско анимираниот мотоцикл кој се појавува во филмот Трон Легаси 2010.

11862

Ова е светлечкиот, легален за сообраќај мотоцикл инспириран од компјутерско анимираниот мотоцикл кој се појавува во филмот Трон Легаси 2010.

Дизајниран за секојдневен крузинг и за клиенти кои ценат поспоро возење, изработен е од метален рам покриен со фиберглас кој го реплицира мазниот изгледа на компјутерски генерираната анимација. Електро-светлечките лентисе вградени во телото од фиберглас кој го осветлуваат возилото. Во моторциклот е вгадена 4-тактна машина со електронско вбризгување на гориво од Сузуки со 996 кубни сантиметри.

Возачот “лежи” во скоро хоризонтална положба јавајќи врз обложеното со кожа седиште, а со нозете допира на ногарките преку кои го контролира 6 степениот мануелен менувач, а на рачките го контролира забрзувањето и кочењето.

11862A Тркалата без осовина во суштина се екс камионски тркала, но сериозно модифицирани за да се прилагодат на еден од двата спротивно ротирачки обрачи придонесувајќи кон афтентичниот изглед на компјутерските моторцикли од филмот.

Поседува предна суспензија со федери под притисок и задна крута суспензија.

Системот за внатрешно подмачкување е ист како и кај останатите модерни јапонски моторцикли т.е. затворен, што придонесува до минималистичкиот изгледа на моторциклот како и да се елиминираат сите дополнителни видливи црева за дотур на масло, дополнителни резервоари, и надворешни маслени пумпи. Поседува 2 резервоари за гориво, еден од 3.5 галони и уште еден резервен од 1.5 галон.

Сите моторцикли се изработуваат по предходна нарачка, а цената им е околу 55 000 долари.

Hammacher Schlemmer, кој во неговите зборови го нуди исклучиво “најдоброто,само најдоброто, и неочекуванто”, започна со продажба на легалните за сообраќаj Трон светлечки мотоцикли. Многумина сериозно би размислиле околу купување доколку и Оливија Вајлд (Olivia Wilde) е вклучена во пакетот од 55000$

Текст: Ironforge

Би можело да ве интересира

Денес на патеката Забел, Ст. Нагоричане се одржа третата и последна за оваа година трка во ендуро натпреварувањата. 

ОК Холивуд знае да не “отруе” со кованици создадени од имињата на познатите парови, но ја сфаќате аналогијата, нели? 

Можно ли е да се подобри моторот кој е ионака еден од најдобрите во среднотешката Adventure класа?

Откако кренаа голема галама по социјалните медиуми пред некоја недела, минатата недела потврдија дека не било се залудно. CFMoto го прикажаа во живо на саемот во Милано нивниот нов концепт SR-C21

Дали MotoGP е навистина најпосакуваниот мото шампионат меѓу возачите? 

MV Agusta преку проектот Lucky Explorer влегува во популарната Adventure категорија!

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.