Бевме прилично изненадени од моторот на Седрик Смит кога го видовме во септември минатата година, станува збор за CBR 1800RR.

cbr1800rr

Бевме прилично изненадени од моторот на Седрик Смит кога го видовме во септември минатата година, станува збор за CBR 1800RR.

Сега конечно имаме и квалитетни слики. Мотоциклот беше направен со мотор и рам од Honda Gold Wing 2010, делови од рамот на CBR1000RR, предница од GSX-R и CBR Repsol пластики.

cbr1800rr-ok

Седрик Смит, креаторот на овој моторцикл е сервисер во „Everett Powersports“ во државата Вашингтон. Тој исто така претходно има прилагодено Honda RS125GP да може да прифати мотор од CRF450.

IMG 0171

CBR1800RR моментално се наоѓа во изложниот салон на Everett Powersports. Наводно возењето е слично како кај CBR спортскиот мотор.

Овие тврдења не се целосно неосновани. Како и CBR 1000RR и Gold Wing е опремен со “Pro-Link” амортизација, а тежината е значително намалена бидејќи од Gold Wing-от е останат само моторот, па моторот е способен да менува брзината на движење на пат со многу свиоци. Опремен со поостра предна суспензија и подобри сопирачки, се обложуваме дека овој мотоцикл е изненадувачки добар.

honda-cbr-1800-rr 04

Back To Top