Занимливости

Пат околу светот за 80 дена со електричен мотор за 400 долари

Електричниот мотор „Zerotracer“ неодамна го заврши своето патување околу светот за 80 дена за само 400 долари.

Следете нè на:

 

Geneva-motor-show-Green-PavilionМоторот кој го постави новиот рекорд, пат околу светот за 80 дена за само 400 долари

Електричниот мотор „Zerotracer“ неодамна го заврши своето патување околу светот за 80 дена за само 400 долари.

Моторот се вика Zerotracer и има батерија која е направена од Литиум - Полимер како и Brusa електричен мотор. Литиум – Полимер батериите се дел од семејството на Литиум батерии кои се особено богати со енергија и имаат голема моќност.

Под голема енергија се подразбира колку енергија може да се складира во килограм батерија, а моќта се однесува на тоа колку брзо можат да ја ослободат таа енергија. Колку побрзо се ослободуваат од енергијата толку поголема моќност му даваат на моторот. Литиум-Полимер батериите исто така траат подолго од останатите батерии.

Zerotracer fieldZerotracer има и две помошни тркала кои се спуштаат кога моторот запира, заради стабилност

Овие батерии може да се наполнат за два часа доколку користите струја со јачина од 240 волти или за шест часа доколку користите струја од 120 волти. Со едно полнење возилото може да помине 250 километри.

Времето потребно да се наполнат батериите има големо влијание на тоа колку долго електричното возило може да патува. Доколку ги наполните брзо, на пример за помалку од 15 минути,  лесно можете да ги полните по пат, додека се движите кон вашата крајна дестинација дури и ако таа е одалечена стотици па дури и илјадници километри.

Поради ова, времето потребно да се наполни батеријата треба да биде поголем приоритет од енергетската густина на батеријата. Краткотрајните батерии можат да ве однесат многу далеку доколку постојано ги полните.

Inhabitat-Zerotracer-Electric-Motorcycle-06 1Поглед во кабината на егзотичниот електричен мотоцикл

На обичните батерии им требаат неколку часа за да се наполнат, а вие неможете постојано да застанувате  доколку сте тргнати на долг пат.

Овој електричен мотор е опремен со греалка, две тркала за движење, и две мали тркала за стабилизирање кои се наоѓаат по страните на возилото да го држат исправено кога не возите.

 

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.