(Време на читање: 1 - 2 минути)


motori biaggi-599x422Макс Бијаџи по трката на Донингтон Парк беше жртва на италијанската верзија на „Punk'd“, наречена „Scherzi a Parte“. 

biaggi-599x422

Макс Бијаџи по трката на Донингтон Парк беше жртва на италијанската верзија на „Punk'd“, наречена „Scherzi a Parte“. Режисерите се одлучија за приказната од филмот „Непристоен предлог“ во кој девојката добива понуда од 1 милион долари за да спие со богатиот актер.

Возачот на Априлија во Супербајк шампионатот замина на вечера со својата девојка Елеонора Педрон која е и мајка на неговите две деца. Во ресторанот влезе дуплер на Ричард Гир (кој мора да признаеме навистина личи на актерот) и седна во ВИП делот на ресторанот. Откако разменија погледи со Елеонора, актерот и испрати шише Дом Перињон по што таа отиде кај него да му се заблагодари. За кратко време му ја истури чашата со пијалокот и се врати кај Макс Бијаџи кажувајќи му дека актерот и понудил пари за да спие со него.

Додека Макс неможе да се начуди на она што го слуша, на маста доаѓа пријателката на Гир која и вели на Елеонора дека доколку му се извини тој ќе додаде уште 1 милион на понудата. По ова Макс станува и... па погледнете сами како реагира темпераментниот возач :)


Scherzi a parte 2012 - Max Biaggi by walter_sullivan_666

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: