Којзнае во која класификација би влегла креацијата која тајванската екипа AFS успеа да ја направи на база на SYM 100!

SYM Symba 100 By AFS Custom Bikes 1

SYM 100 е всушност клон на ултра популарниот скутер на Honda моделот Cub. Она што нашите екс-Ју простори беше моделот Automatic на словенечкиот Tomos, тоа беше и сè уште е Honda Cub (или целосниот назив Honda Super Cub) во азискиот свет. Едноставниот дизајн и неверојатно издржливиот мотор беше провокација за многубројните клонови кои изникнаа како печурки по дожд. Еден од тие клонови е моделот SYM Symba 100 кој послужи како база на оваа креација, од која тајванските ентузиасти AFS, освен машината, не презедоа ништо друго.

SYM Symba 100 By AFS Custom Bikes 2

Уникатната наменска шасија изработена од заварени цевки делува како да е произведена во некоја американска Хот Род работилница. И за очекување е да збрчи некој “мрсен” V2 Harley, но наместо тоа за задвижување се користи 100cm³ едноцилиндричен мотор кој преку 3-степен меувач ја пренесува снагата на задното тркало. За менување на брзини се користи рачка како кај автомобил, додека рачката за гас е со внатрешна сајла за да се задржи ултра чистиот дизјан. А гориво? Каде е резервоарот за бензин? Во конструкцијата на рамката се наоѓа и некоја мала количина на гориво доволна за кратки излети по мото собирите, или движење низ саемските хали затоа што ова возило не е хомологирано за движење низ сообраќај. Предна сопирачка не постои, но задниот Brembo диск ќе ви помогне да сопрете. 

Предна и задна моно вилушка ја овозможуваат необичната чиста глетка од десната страна на мотоциклот. Тука се воочуваат 17 инчните наменско изработени полни бандажи, изведени од автомобилски тркала. На нив се навлечени слик гуми и...тоа е тоа горе долу.

Дури и седиштето, како и се друго на овој мотор, е подредено на дизајнот наместо на функцијата, па радува фактот што заради малиот резервоар и нема некоја голема автономија.

SYM Symba 100 By AFS Custom Bikes 3

Дали ни се потребни вакви креации? Секако дека се, особено кога во последно време соништата често остануваат само соништа.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.