Светските каскадери и мото херои го даваат нивното експертско мислење за најсмешното мото достигнување што можете да си го замислите.

Светските каскадери и мото херои го даваат нивното експертско мислење за најсмешното мото достигнување што можете да си го замислите.

Одговорено од страна на Роби Медисон. Роби е еден од најпознатите каскадери со долга листа на акробации и подвизи меѓу кои се скок од Тауер Бриџ како и светскиот рекорд во скок во висина кој изнесува 120 метри.

bnb

Нешто во мене посакуваше да возам мотоцикл врз вода. Си помислив дека ако ставам две даски за возење по снег под мотоциклот, веројатно би можел да возам. Затоа направив план.

Долго време размилував како да ги ставам даските под мотоциклот, а потоа отидов во една инжињерска компанија. На почеток, ставивме скии од моторна санка, но штом дојдов во контакт со водата, загубив контрола. Дури и си помислив дека ова е лоша идеја. Но доцна истата вечер, убаво ги прицврстивме скиите и ги проширивме. Тоа ја заврши целата работа.

fgfdsgd

Следниот ден возев по вода и на почеток не знаев како да возам. Но морав за кратко време да научам.  Мотоциклот на задното тркало има гума за песок, која ми помогна при управувањето, а исто така и гаста морав да ја притиснам до крај за да не загубам контрола. Ако сакаш да забавиш, не можеш само да ја отпуштиш гаста, мораш пополека да ја намалуваш брзината.

Контролата над мотоциклот е многу тешка. Колку што можев повеќе се наслонував наназад. Бидејќи задното тркало го придвижува мотоциклот, јас морав многу внимателно да ја распоредувам мојата тежина на држачите за да можам да завртам. Понекогаш тоа ми успеваше.

Можеби на видеото ви изгледа бавно, но јас се движев со брзина од 90 километри на час. Ако сакаш да се движиш на вода, мора да возиш со брзина поголема од 50 километри на час. Возењето по вода е моето најголемо задоволство во мојата досегашна мото кариера. Чувството е одлично, особено кога ќе претекнеш некој кој е на скии.

Back To Top