Занимливости

[галерија] Harley-Davidson изработен од страна на GOC

Ако сакате малку поголема возбуда во вашиот живот, овој мотоцикл кој е изработен од страна на Game Over Cycles би требало да ви го овозможи тоа.

Следете нè на:

Ако сакате малку поголема возбуда во вашиот живот, овој мотоцикл кој е изработен од страна на Game Over Cycles би требало да ви го овозможи тоа.

Ако сакате малку поголема возбуда во вашиот живот, овој мотоцикл кој е изработен од страна на Game Over Cycles би требало да ви го овозможи тоа.

Полската компанија GOC неодамна ни го претстави овој ѕвер кој е специјално направен за да биде дел од колекцијата на Hard Rock Cafe во Краков. За да го направат ова неверојатно уметничко дело, момците од компанијата го искористија Harley Davidson Sportster 883.

harley davidson custom 3

Како што може да се види од сликите, моделот одлично го комбинира светот на мотоциклите со рок музиката . Концептот е изразен преку рачно изработени делови кои личат на музички инструменти но сепак ги задржуваат своите функционални карактеристики.

На пример, задната вилушка е трансформирана во горниот дел од гитарата, акумулаторот е направен да изгледа на појачало, тркалата изгледаат како плочи, а издувот личи на саксофон.

Деталите се неверојатни, а дури и воздушната кутија е направена да личи на микрофон. На седиштата на мотоциклот е изгравиран стих од песната “Highway to Hell” на AC/DC.

Нема зборови со кои можам да ви опишам овој мотоцикл и токму поради тоа ќе запрам тука и ќе ве оставам сами да ги откриете другите детели.

Би можело да ве интересира

Денес на патеката Забел, Ст. Нагоричане се одржа третата и последна за оваа година трка во ендуро натпреварувањата. 

ОК Холивуд знае да не “отруе” со кованици создадени од имињата на познатите парови, но ја сфаќате аналогијата, нели? 

Можно ли е да се подобри моторот кој е ионака еден од најдобрите во среднотешката Adventure класа?

Откако кренаа голема галама по социјалните медиуми пред некоја недела, минатата недела потврдија дека не било се залудно. CFMoto го прикажаа во живо на саемот во Милано нивниот нов концепт SR-C21

Дали MotoGP е навистина најпосакуваниот мото шампионат меѓу возачите? 

MV Agusta преку проектот Lucky Explorer влегува во популарната Adventure категорија!

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.