Фестивалот се преместува од Минхен во Берлин и тоа за јубилејното 20. издание на настанот на BMW. 

 P90438693 lowRes

По откажувањето на двата последни фестивали во 2020 и 2021 заради глобалната пандемија, можеби сега и малку порано, но BMW веќе започна да се подготвува за својот јубилеен фестивал кој на 2 и 3 јули ќе се случи во околината на Берлин. 

Фестивалот на BMW следи веднаш по петтиот годишен Pure & Crafted Festival кој ќе се оджува на истата локација но ден порано. И на овој настан BMW е главен спонзор. Ова значи забавата со многу музика во живо и голем број други активности кои секако вклучуваат и кастм мотори, промоција на модели, стант возења, официјални прослави и сл. ќе трае 3 дена. 

Можеби јули 2022 делува навистина далеку, но ако сте љубител на BMW и на кој било друг мотор, не е на одмет да си ги обележите датумите во календар, па кога ќе дојде време ако можете да го ставите и овој настан во вашата агенда. 

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.