Денешното видео ни доаѓа од Висконсин, САД, каде што локалниот мотоциклист Рајан Сучанек постави нов рекорд кој беше регистриран во Гинисовата книга на рекорди.

ryanwheelie5

Денешното видео ни доаѓа од Висконсин, САД, каде што локалниот мотоциклист Рајан Сучанек постави нов рекорд кој беше регистриран во Гинисовата книга на рекорди.

Настанот се случи на 5ти февруари на езерото Кошкононг. Локацијата е одбрана од господинот Сучанек кој имаше за цел да го надмине сопствениот рекорд за најбрзо возење на едно тркало некогаш изведено на мраз.

И му успеа. Новиот рекорд е 152.89 километри на час на 100 метри. Сучанек го постигна рекордот возејќи Kawasaki ZX-6R, специјално модифициран за оваа намена и кој има гуми со шилци.

За да ја добие потврдата од Гинис, Сучанек мораше да се потпре на потврдата на два GPS уреди и радар. Ова се зборовите на новиот светски рекордер (кој веќе најави дека ќе се обиде повторно да го сруши рекордот следната година):

„Мора да направиш посебна гума за која треба време, мораш да се навикнеш да возиш на мраз, што воопшто не е лесно и на крајот работата е во тоа што никогаш не знаете какво ќе биде времето.“

Back To Top