india

Супербајк трката во Индија, закажана  за 10 март, може да биде откажана поради комплексната шема на регулативи на Индиската царина кои може да предизвикаат големи трошоци за тимовите.

india

Супербајк трката во Индија, закажана  за 10 март, може да биде откажана поради комплексната шема на регулативи на Индиската царина кои може да предизвикаат големи трошоци за тимовите.

Царинските правила на Индија наложуваат целата техничка опрема да пристигне во земјата најмалку 15 дена пред почетокот на трката. Тоа претставува голем проблем, бидејќи WSBK тимовите на 24 февруари ќе бидат на „Philip Island“, каде што е закажан стартот на новата сезона. Тоа е само 15 дена пред стартот на трката во Индија, која ќе се одржи на патеката „Buddh“ во близина на Њу Делхи.

Тимовите исто така мора да депонираат средства во Индиската царина, еднаква или малку поголема од вредноста на опремата која не е за продавање. Таа должност обично се поништува или средствата се враќаат откако опремата ќе ја напушти земјата. Но поради големата бирократија, враќањето на средставата обично се оддолжува.Тоа ќе бара од тимовите- од кои некој едвај преживуваат- да обезбедат доволно средства да ги покријат своите трошоци. Повеќето WSBK тимови веројатно ќе можат да го издржат тој товар, но за помалите ќе биде многу тешко.

PAPHOTO4 372187Овој проблем во Индија не е ништо ново. Формула Еден Менаџментот, кој управува со сите комерцијални аспекти на Формула 1, работи заедно со официјалните лица на царините во сите земји каде што се одржуваат трките за да обезбедат непречено влегување на сите тимови во нивните земји.  Но индиската царина одби да ги смени прописите за првите две трки во Формула 1 кои се одржаа во 2011 и 2012, притоа предизвикувајќи главоболки за тимовите и дополнителна работа за менаџментот на формула 1.

Dorna ќе одржи состанок во Мадрид наредната недела на кој ќе се обидат да го решат овој проблем. На него ќе учествуваат официјалните лица на тимовите, претставници на италијанската компанија која е задолжена за превозот на тимовите и опремата ширум светот каде се одржуваат WSBK трки.

Ова ќе претставува значаен прв тест за можностите на Dorna да се справи со организацијата на MotoGP и WSBK истовремено. Одлуката околу тоа колку силно треба да се притиснат Индиските официјални лица да ги олабават царинските регулативи за WSBK, може да ни даде индикации за тоа колкава важност ќе им даде Dorna на WSBK во споредба со MotoGP.

Ќе биде многу тешко за Dorna да ги избере своите приоритети. Kомпанијата ќе се обиде да им подаде маслиновa гранка на скептичните претставници на WSBK со тоа што ќе се обиде да го олесни нивниот влез во Индија. Но Dorna исто така не сака да си ги наруши односите со владините претставници во Индија и во земјите од југоистична азија бидејќи сигурно ќе сака во иднина да организира MotoGP трка во Индија и во дел од брзо растечкиот пазар во југоисточна азија. 

Back To Top