(Време на читање: 1 - 2 минути)


Според најновиот календар за Супербајк шампионатот, инагуралната рунда која требаше да се вози како втора, е преместена како последна трка која ќе се вози на 17-ти ноември.

wsbk-india

Според најновиот календар за Супербајк шампионатот, инагуралната рунда која требаше да се вози како втора, е преместена како последна трка која ќе се вози на 17-ти ноември.

Според официјалните извори, промената во календарот е направена со цел да се добие повеќе време за да се обучат маршалите и редарите на патеката за трката да се освива во беспрекорни услови.

„Претставници на ФИМ ќе ја посетат Индиската патека на 19,20 и 21 јануари со цел да ја комплетираат хомологацијата на патеката и притоа да започнат со обука на техничкиот персонал за трката.“

Со новиот распоред се прави поголема пауза од предвиденото помеѓу рундите 1 и 2, како и помеѓу 14 и 15.

1. Австралија „Phillip Island“ 24 февруари
2. Шпанија „Motorland Aragon“ 14 април
3. Холандија „Assen“ 28 април
4. Италија „Monzа“ 12 мај
5. Европа „Donington Park“ 26 мај
6. Португалија „Portimao“ 9 јуни (ЗОД)
7. ДСЗ ДСЗ 23 јуни
8. Италија „Imola“ 30 јуни (ЗОД)
9. Русија „Moscow Raceway“ 21 јули
10. Велика Британија „Silverstone“ 4 август
11. Германија „Nurburgring“ 1 септември
12. САД „Laguna Seca“ 29 септември
13. Франција „Magny-Cours“ 6 октомври
14. Шпанија „Jerez“ 20 октомври
15. Индија „Buddh Circuit“ 17 ноември

ЗОД = Зависи од договорот
ДСЗ = Да се закаже

Извор: „WorldSBK.com“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: