WSBK

WSBK тест времиња од Филип Ајленд

Еве ги официјалните резултати од првиот „неофицијален“ тест на Philip Island.

Следете нè на:

 

leon-kamierЛеон Камиер со својот GSX-R1000 

Еве ги официјалните резултати од првиот „неофицијален“ тест на Philip Island.

Возачите од Светскиот Супербајк шампионат ги одржаа дводневните „неофицијални“ тестирања на патеката Филип Ајленд во пресрет на официјалните тестирања кои ќе се одржат на 18ти и 19ти февруари.

Бидејќи немаше официјално мерење на времето овие резултати треба да се гледаат со резервираност. Возачот на Aprila, Јуџин Лаверти постигна најдобри резултати. Леон Камиер имаше второ најбрзо време, а веднаш зад него се возачите на Pata Honda, Џонатан Реа и Леон Хаслам. Силвиан Гинтоли заврши како шести, а веднаш зад него беше дебитантот Џулс Клузел.

Ducati сеуште треба да работи за да ги стигне своите ривали. Но и покрај тоа што заостануваат најмалку една година во однос на развојот на нивниот мотор, Аиртон Бадовани и Макс Нојкирчер докажаа дека новиот Panigale опасно се приближува.

Том Сајкс имаше страшна несреќа и не ги заврши тестирањата.

Тест времиња од Филип Ајленд

1. Eugene Laverty    Aprilia Racing RSV4 1m 31.7s
2. Leon Camier    Fixi Crescent Suzuki GSX-R1000 1m 31.9s
3. Jonathan Rea    Pata Honda CBR1000RR 1m 32.0s
4. Leon Haslam    Pata Honda CBR1000RR 1m 32.0s
5. Marco Melandri    BMW GoldBet S1000RR 1m 32.2s
6. Sylvain Guintoli    Aprilia Racing RSV4 1m 32.3s
7. Jules Cluzel    Fixi Crescent Suzuki GSX-R1000 1m 32.5s
8. Davide Giugliano    Althea Aprilia RSV4 1m 32.7s
9. Ayrton Badovini    Alstare Ducati 1199R 1m 32.8s
10. Max Neukirchner    MR Ducati 1199R 1m 32.9s
11. Chaz Davies    BMW GoldBet S1000RR 1m 33.0s
12. Loris Baz    Kawasaki Racing ZX-10R 1m 33.2s
13. Michel Fabrizio    Red Devils Roma Aprilia RSV4 1m 33.7s
14. Tom Sykes    Kawasaki Racing ZX-10R 1m 34.5s

 

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.