WSBK

Карлос Чека најдобар на последниот ден од тестирањето

После убавиот и сончев прв ден на Philip Island, вториот и последен ден на тестирањето се оддржа под сиво небо и со неколку капки дожд кои ја направија патеката на некои места сува, а на некои влажна.

Следете нè на:

 

Carlos-Checa-WSBK-Phillip-Island-2Карлос Чека покажа дека Дукати има свој коњ за трка

После убавиот и сончев прв ден на Philip Island, вториот и последен ден на тестирањето се оддржа под сиво небо и со неколку капки дожд кои ја направија патеката на некои места сува, а на некои влажна. Попладне условите се подобрија и возачите имаа поволни услови да го подобрат своето време.

Најдобро време имаше Карлос Чека со неговиот Ducati 1199 Panigale.Тој ги изненади ривалите кои мислеа дека пред  Ducati има уште многу работа, и докажа дека новиот Panigale ќе биде конкурентен уште на првата трка.  

Откако ги прескокна првите два теста поради здравствени причини, Чека извозе најбрз круг од 1.31.059 и постигна време кое е за четири десетинки побрзо од вчерашното најдобро време и за две десетинки побрзо од времето на Леон Камиер кој го извозе најбрзиот круг на првиот ден од тестирањето.  

Тоа беше тесна сесија во која 11 возачи беа разделени за помалку од 1 секунда. На второто место заврши Марко Меландри кој и понатаму не е сигурен дали неговото рамо ќе може да ја издржи целата трка. Том Сајкс се врати на местото на кое сме навикнати да го гледаме, повредата на раката му пречеше помалку отколку вчера.

Мишел Фабрицио продолжува да импресионира со неговата Aprilia. Тој го заврши денот пред возачите на фабричкиот тим на Aprilia кои завршија на 8-то и 9-тото место.

Возачите на Pata Honda, Џонатан Реа и Леон Хаслам беа петти и шести. Давиде Џулиано од Altea Racing исто така беше побрз од возачите на фабричкиот тим на Aprilia и заврши на седмото место.

Утринската сесија имаше мал прекин откако Џул Клузел повторно имаше несреќа, негова трета за четири дена тестирање, и не возеше до крајот на денот. Најбрзиот круг кој го извозе сепак му овозможи да се најде на 11тото место.

Чез Дејвис заврши на дванаесетото место пред Глен Алертон од Hepburn Motorsport и Џејми Стауфер од Fireblade. Лорис Баз заврши како петнаесети, сеуште чувствувајќи ги последиците од падот кој го имаше во петокот.

Макс Нојкирчер го прескокна последниот ден поради големата несреќа која ја имаше вчера. Аиртон Бадовани одлучи да се врати на патеката но извозе само 8 круга.

01- Carlos Checa – Team Ducati Alstare – Ducati 1199 Panigale R – 1’31.059
02- Marco Melandri – BMW Motorrad GoldBet SBK Team – BMW S1000RR – + 0.178
03- Tom Sykes – Kawasaki Racing Team – Kawasaki ZX-10R – + 0.202
04- Michel Fabrizio – Red Devils Roma – Aprilia RSV4 Factory – + 0.291
05- Jonathan Rea – Pata Honda World Superbike Team – Honda CBR 1000RR – + 0.297
06- Leon Haslam – Pata Honda World Superbike Team – Honda CBR 1000RR – + 0.490
07- Davide Giugliano – Althea Racing – Aprilia RSV4 Factory – + 0.581
08- Sylvain Guintoli – Aprilia Racing Team – Aprilia RSV4 Factory – + 0.599
09- Eugene Laverty – Aprilia Racing Team – Aprilia RSV4 Factory – + 0.653
10- Leon Camier – FIXI Crescent Suzuki – Suzuki GSX-R 1000 – + 0.755
11- Jules Cluzel – FIXI Crescent Suzuki – Suzuki GSX-R 1000 – + 0.985
12- Chaz Davies – BMW Motorrad GoldBet SBK Team – BMW S1000RR – + 1.043
13- Glenn Allerton – Next Gen Motorsports – BMW S1000RR – + 1.100
14- Jamie Stauffer – Team Honda Racing – Honda CBR 1000RR – + 1.196
15- Loris Baz – Kawasaki Racing Team – Kawasaki ZX-10R – + 1.566
16- Vittorio Iannuzzo – Grillini Dentalmatic SBK – BMW S1000RR – + 1.821
17- Federico Sandi – Team Pedercini – Kawasaki ZX-10R – + 1.905
18- Ivan Clementi – HTM Racing – BMW S1000RR – + 2.234
19- Alexander Lundh – Team Pedercini – Kawasaki ZX-10R – + 2.388
20- Ayrton Badovini – Team Ducati Alstare – Ducati 1199 Panigale R – + 2.627

 

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.