Силвијан Гинтоли победи на првата трка во Асен, додека пак Џонатан Реа беше победник на втората трка.

0175 p03 guintoli action slide big

Силвијан Гинтоли победи на првата трка во Асен, додека пак Џонатан Реа беше победник на втората трка.

Силвијан Гинтоли победи на првата трка од третата рунда во Супербајк шампионатот која денеска се возеше на патеката Асен во Холандија. За Гинтоли ова е петта победа во кариерата, втора во сезоната откако победа и на втората трка на Филип Ајленд.

Трката беше означена како сува, а стартот беше одбележан од одличниот Гинтоли кој веднаш ја завзема првата позиција, следен од Џонатан Реа, Лорис Баз и Том Сајкс.

До крајот следевме одличен налет од возачот на Кавасаки и актуелен Светски шампион, Том Сајкс, но црвеното знаме не ни овозможи да следиме битка помеѓу двајцата одлични возачи. Трката беше предвремено прекината заради проблеми со еден од моторите, а секако тука беше и заканата од дожд па организаторите се одлучија за црвено знаме. 

Во тие моменти Гинтоли беше на првата позиција, Сајкс втор, а Џонатан Реа трет. Следевме одлично возење и од Тони Елиас кој заврши на петтата позиција, пред него финишираше Баз, а зад него Марко Меландри.

0068 p03 rea action slide big

Втората трка започна со задоцнување заради поројниот дожд кој паѓаше во Асен. Во скратената верзија на трката Џонатан Реа (Хонда) беше победник, пред Алекс Ловс (Сузуки) и Давиде Џулијано (Дукати) на третата позиција.

За Реа ова е 12-та победа во Супербајк кариерата, петта на Асен, додека пак за Ловс ова е прв подиум. Возачот на Кавасаки Том Сајкс финишираше на четвртата позиција, пред Леон Хаслам (Хонда) и Марко Меландри (Априлија).

Во генералниот пласман Том Сајкс сеуште е водечки со 108 поени, пред Гинтоли со 96 и Лорис Баз со 93.

Back To Top