На вчерашната прес конференција одржана во седиштето на „Crescent Suzuki“ тимот во Англија, Алекс Ловс и Јуџин Лаверти го претставија новиот GSX-R со кој ќе се натпреваруваат во Супербајк шампионатот оваа сезона.

suzuki-wsbk-2014

 Јуџин Лаверти ќе продолжи да се трка со бројот 58 на својот мотор, откако го замени бројот 50 во 2011 година кога премина во Супербајк шампионатот од послабата Суперспорт категорија. Во 2011 бројот 50 го носеше Силвијан Гинтоли, па така Лаверти се одлучи за бројот 58 кој ќе го носи и понатаму.

Алекс Ловс доаѓа во Супербајк како шампион од Британскиот Супербајк шампионат каде возеше за тимот на Samsung Honda. На својот мотор тој го носи бројот 22, додека пак неговиот брат настапува со бројот 11. Алекс имено е брат близнак на Сем Ловс, минатогодишниот шампион во Суперспорт класата.

Сузуки направи големи вложувања во мото спортот со цел да го врати брендот на лидерските позиции, во Супербајк шампионатот се очекува да атакуваат на челните позиции, а во МотоГП тимот на Сузуки се подготвува за настап од следната сезона.

Во продолжение и галерија од вчерашното претставување:

Back To Top