Џонатан Реа постигна најдобар резултат на првиот ден од тестирањето во Херез.

Џонатан Реа постигна најдобар резултат на првиот ден од тестирањето во Херез и успеа да го победи Торпак Разгатлиоглу.

Актуелниот шампион најдобриот резултат го имаше во шеесетиот круг и постигна време од 1:39:2017. Тоа беше за само 0.019 секунди подобро од резултатот кој го имаше Разгатлиоглу.

Мајк ван дер Марк се најде на третото место откако извозе 98 кругови со мотоциклот на Yamaha. Алекс Ловс денот го заврши на четвртата позиција и сигурно ќе биде задоволен од напредокот кој го има со мотоциклот на Kawasaki. Поранешниот возач на Yamaha заостануваше само 0.573 секунди зад Реа. Веднаш зад него се најде Лорис Баз кој настапи со мотоциклот на Ten Kate Yamaha.

wsb jerez txt 29 11

Скот Рединг беше најдобриот возач на Ducati и заврши на шестата позиција со заостанување од нешто под една секунда во однос на Реа. Актуелниот шампион од Британската Супербајк серија загуби малку време откако во свиокот број пет, кратко излета надвор од патеката. Том Сајкс и BMW се најдоа на седмото место додека пак вториот возач на Ducati, Чез Дејвис, беше осми.

Николо Канепа беше деветти а Јуџин Лаверти, кој го имаше своето деби со мотоциклот на BMW, заврши на десетата позиција.Во сезоната 2020, Ирецот ќе настапи заедно со поранешниот шеф на неговиот тим, Маркус Ешенбахер.

Резултати од тестот во Херез

1      .Џонатан Реа                 1:39.207

2.     Торпак Разгатлиоглу     1:39.226

3.      Мајк ван дер Марк        1:39.451

4.      Алекс Ловс                    1:39.780

5.      Лорис Баз                      1:40:128

6.      Скот Рединг                   1:40:137

7.      Том Сајкс                       1:40:431

8.      Чез Дејвис                     1:40:659

9.      Николо Канепа             1:40:854

10.    Јуџин Лаверти              1:40:971

Back To Top