Џонатан Реа успеа да дојде до двојна победа на супер интересните трки во Мизано.

Победникот од саботата, трката ја стартуваше од деветата позиција и дури на крајот од трката тој успеа да го претекне Михаел ван дер Марк, кој пак во поголемиот дел беше на лидерската позиција. Возачот на Barni Ducati, Чави Форес, имаше одличен старт од третото место но неговот настап траеше кратко откако се појавија проблеми кај неговиот Panigale R. Ван дер Марк, кој ја наследи лидерската позиција, се чувствуваше одлично на неговата PATA Yamaha. А со оглед на тоа дека на Реа му требаше многу време за да се пробие до врвот, се чинеше дека тој ќе дојде до сигурна победа.

ReaFour

Трката за Реа дополнително беше отежната од страна на неговите ривали, пред се од Чез Дејвис со кого се бореше за четвртото место. Но Реа успеа да го претекне, а набрзо после тоа успеа да го помине и Марко Меландри во борбата за второто место.

Откако успеа да го претекне ван дер Марк во претпоследниот круг, Реа за кратко време направи доволна предност која му обезбеди нова победа.

На третото место се најде Марко Меландри додека пак четврти беше Чез Дејвис кој во последните неколку круга успеа да се одбрани од налетите на Том Сајкс.

Алекс Ловс ја комплетираше листата на првите шест возачи. Веднаш зад него се најде двоецот на Milwaukee Aprilia, Лоренцо Савадори и Јуџин Лаверти додека пак Лорис Баз и Леон Камиер ги комплетираа првите десет места.

Со оваа победа,Реа сега ја зголеми предноста во однос на Дејвис за 108 поени. На третото место се наоѓа ван дер Марк кој заостанува дополнителни 30 поени зад лидерот.

Back To Top