Почнувајќи од сезоната 2021, во WSBK серијата ќе биде воведен long-lap penalty.

Ова правило се покажа како успешно во MotoGP шампионатот и има смисла што се префрла и во оваа серија. Сепак, тоа нема да се применува на сите патеки. Со оваа казна, возачите мора пошироко да влезат во одредени свиоци. Но за да може да се применува, патеките мора да имаат одредени граници вградени на самата површина. Тоа го диктира движењето кое еден возач може да го направи. Во моментов, ова не е изводливо на сите патеки.

long lap penalty

Безбедносниот инспектор на FIM ќе мора да одлучи дали на определена патека ќе може да се користи „long-lap penaltie“.

Оваа промена е позитивен чекор за шампионатот бидејќи ќе овозможи веднаш да се изврши казната. Во исто време, тоа веднаш ќе влијае и на моменталниот распоред на патеката.

Back To Top