WSBK

Тито Рабат го замени MotoGP со WorldSBK

Тито Рабат им се приклучи на Макс Бијаџи, Марко Меландри и Алваро Баутиста и ќе се обиде да направи успешен премин од MotoGP во WorldSBK.

Следете нè на:

 

Тито Рабат им се приклучи на Макс Бијаџи, Марко Меландри и Алваро Баутиста и ќе се обиде да направи успешен премин од MotoGP во WorldSBK.

Тито Рабат стана последниот возач кој ќе премине од MotoGP во WSBK серијата откако потпиша договор со Barni Ducati за сезоната 2021. Шпанецот беше дел од MotoGP уште од 2016 година. Претходно тој ја освои титулата во Moto2. 

Вкупно помина пет години во Премиерната класа, но не успеа да остави голем впечаток. Најдобар пласман му беше седмото место кое го постигна додека возеше за Marc VDS Honda и Avintia Ducati.

tito rabat avintia racing 1

Иако и следната сезона требаше да вози за Avintia, Рабат одлучи да се повлече од договорот и да премине во WorldSBK каде ќе вози со Ducati Panigale V4 R. Неговото место во Avintia го презеде Лука Марини.

„После неколку години во MotoGP имам можност да почнам нова авантура во WorldSBK и сакам тука да го покажам мојот потенцијал. Знам дека на располагање имам добар мотоцикл и добар тим и поради тоа сакам да им искажам благодарност на Barni Racing Team и Ducati. “

„За мене новиот предизвик почна денеска кога за прв пат се качив на Ducati Panigale V4 R. Со нетрпение чекам да излезам на патеката. Ветувам дека ќе работам напорно и дека ќе бидам подготвен за првиот тест. “

„Многу сум среќен од договорот кој го постигнавме со Тито. Кога зборував со него видов дека има ист пристап кон работата“, додаде Марко Барнабо.

„Голема посветеност и одлучност да се исполнат нашите цели. Тимот е подготвен и ќе му пружиме се што му е потребно за да постигне добри резултати.“

Би можело да ве интересира

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.