Шампионот од 2013 година, Том Сајкс, денеска стави потпис на нов две годишен договор со фабричкиот тим на Кавасаки во Супербајк шампионатот.

Шампионот од 2013 година, Том Сајкс, денеска стави потпис на нов две годишен договор со фабричкиот тим на Кавасаки во Супербајк шампионатот.

Сајкс кој зад себе има 30 победи и 76 подиуми од кои 75 се со Кавасаки ќе биде клучен човек во тимот. Новиот договор ја потврдува соработката на тркачката патека, но во следните две години освен возач Сајкс ќе биде и главен за развојот на новата Ninja ZX-10R.

hi R08 Misano WorldSBK 2016 Contract2

Тој ја започна соработката со „зелениот тим“ пред 2010 кога започна и развојот на новата тркачка машина. Во 2013 тоа кулминираше со шампионската титула и мотор на кој секој може да му позавиди. Том Сајкс во следните две години ќе биде во друштво на Џонатан Реа кој исто така потпиша две годишен договор.

Навистина сум среќен што ќе ја продолжам соработката со овој одличен тим во следните две години. Ние веќе го покажавме потенцијалот на Ninja ZX-10R оваа сезона, но има уште многу работи кои можат да се подобрат. Мислам дека го имаме нај подготвениот тим во Супербајк шампионатот и би сакал да им се заблагодарам на надлежните за довербата и вложувањето во мене како возач. Јас сум дел од Кавасаки семејството веќе седум години па ми беше природно да ја продолжам соработката. Фановите како и сопствениците на Кавасаки кои постојано се со мене ми даваат до знаење дека правиме одлична работа, развојот на тркачкиот но и на моторот за на улица ме прави навистина среќен. Том Сајкс

Back To Top