Со оглед на тоа дека иднината на Џонатан Реа е цврсто врзана за Kawasaki Racing, фокусот изминатиот викенд беше врз иднината на неговиот тимски колега, Том Сајкс. А веќе на трката во Калифорнија можеше да се забележи дека има големи разлики меѓу него и тимот.

Речиси 99.9 проценти, следната сезона Сајкс нема да настапува за Кawasaki и во моментов тој е еден од најдобрите возачи кои сѐ уште немаат донесено одлука во однос на нивната иднина. Чез Дејвис е уште еден кој е доста интересен за тимовите, но, најверојатно тој ќе остане во Ducati. Инаку, Kawasaki сигурно би се обиделе да го доведат во тимот.

tom sykes laguna seca worldsbk jensen beeler 2018

Комбинацијата Дејвис/Реа би биле незапирлива, а таквиот потег сигурно најголемиот ривал на Kawasaki, Ducati, би го ставил во незавидна позиција.

За време на трката во Лагуна Сека, многу се зборуваше дека Сајкс ќе настапува во тимот на Yamaha, а со оглед на тоа дека GRT ќе премине од Суперспорт во Супербајк шампионатот, ќе има два добри тима од кој Сајкс ќе може да одбере за кого ќе вози следната сезона.

Премин во PATA Yamaha би значело дека еден од актуелните возачи, Алекс Ловс и Михаел ван дер Марк, би морал  да му го отстапи местото.  Но многу поверојатна е опцијата Леон Хаслам да се врати на трките и да настапи бесплатно за Kawasaki Racing, нешто слично како што направи Марко Меланди со Ducati Corse во сезоната 2017.

За време на трката во Донингтон Парк, Хаслам имаше добро темпо со Pucceti Kawasaki, а со оглед на тоа дека неговиот договор е поврзан со спонзорство, тој би бил одлична опција за тимот.

На крајот, најверојатно Ловс и Ван дер Марк ќе останат дел од PATA Yamaha со оглед на тоа дека двоецот конечно бележи добри резултати со Iwata машината.

Во меѓувреме, Сајкс, за кого не постои место во некој фабрички тим, би преминал во GRT Yamaha, но на ова сигурно би се гледало како назадување за поранешниот WSBK шампион. Но од друга страна, GRT сигурно во шампионатот би дошол со добра финаниска поддрша и можност да имаат добар мотоцикл.

Друга можност е Сајкс да премине во тимот на Shaun Muir Racing, но и овој потег нема да помине без никакви компликации бидејќи тимот се обидува да ја прекне соработката со Aprilia и се уште не е потврдено со какви мотоцикли ќе настапува следната сезона.

Постојат две можности, BMW или Ducati, а изборот на SMR во голема мера ќе зависи и од тоа кои возачи ќе настапуваат за нив следната сезона.

Но една работа е сигурна а тоа е дека BMW следната сезона ќе биде дел од шампионатот, а за нив ќе настапи Маркус Рајтенбергер.

Во моментов не се знае точно што значи ова за Том Сајкс. Засега тој има неколку опции но дали тимовите се подготвени да ризикуваат? Во минатото тој беше еден од најдобрите возачи во серијата но со доаѓањето на Реа во KRT и напредокот кој го има Дејвис со Ducati Panigale R, настапите на Сајкс започнаа да бледеат.

Голема улога ќе играат и финансите. Засега не е познато колку тимови се спремни да платат фабрички возач, особено сега кога има голем број на млади и талентирани возачи .

Најверојатно конечниот одговор ќе го знаеме по завршувањето на летната пауза.

Back To Top