WSBK

Светскиот Супербајк шампионат ја одобри употребата на аеродинамичните крилца

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Следете нè на:

 

Светскиот Супербајк шампионат денеска ја соопшти најновата одлука на SBK комисијата, а со која се појаснети некои од новите правила кои ќе важат во сезоната 2018, а меѓу кои се и новото ограничување на максималниот број на вртежи како и цената на деловите за кои веќе пишувавме.

Но исто така има уште една интересна промена која вреди да се спомене, а тоа е употребата на аеродинамичните крилца. Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

kawasaki ninja h2r

Со оглед на тоа дека постои голема можност „spec-ECU“ да стане дел од шампионатот, производителите ќе треба да пронајдат други начини со цел да бидат подобри од конкуренцијата. Како што имаме видено во MotoGP шампионатот, кој веќе го користи правилото за еден производител на електроника, тимовите се фокусирани на развојот на аеродинамиката бидејќи ја користат како замена за електрониката кога станува збор за стабилноста и перформансите на мотоциклот.

Во однос на производството, веќе има шпекулации дека новиот V4 мотоцикл на Ducati кој се очекува да дебитира следната година, ќе има аеродинамика инспирирана од MotoGP.

Aprilia веќе ги направи аеродинамичните крилца достапни кај Aprilia RSV4 RF супербајк мотоциклот кој е наменет исклучиво за тркачка патека. Засега останува само да видиме која компанија прва ќе ги понуди аеродинамичните крилца кај продукциските машини.

Kawasaki исто така покажа значителен интерес за крилцата, а Kawasaki Ninja H2R ќе добие значителни подобрувања кои ќе треба да го скротат моторот со зафатнина од 300 коњски сили.

Каде сето ова ќе не одведе засега е непознато. Премногу е доцна да се видат промените кај моделите за 2018 година но во 2019, работите би можеле да бидат навистина интересни.

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.