Џонатан Реа успеа да дојде до победа на првата Супербајк трка која викендов се возеше на патеката Силверстоун во Велика Британија.

8958 R09 Silverstone GB49521

Џонатан Реа успеа да дојде до победа на првата Супербајк трка која викендов се возеше на патеката Силверстоун во Велика Британија.

Лошите временски услови си го направија своето, па така дождот кој започна да паѓа на половина од трката, иако беше со слаб интензитет целосно го промени текот на трката.

Том Сајкс кој беше на чело на колоната како да се парализираше на првите капки дожд, откако беше истакнато белото знаме започнаа калкулациите на возачите околу тоа кој ќе влезе во боксот, но Сајкс е оној кој загуби најмногу. Од првата позиција за само неколку круга успеа да падне на деветото место, на крајот да финишира како 11-ти, препуштајки му ја водечката позиција на Џонатан Реа.

Возачот на Хонда покажа дека знае како да се снајде на патеката при лоши временски услови, носејќи ја првата победа во сезоната за тимот на Пата Хонда. За Реа ова е 11 победа во кариерата, но прва по победата на Донингтон Парк минатата година.

Променливото време придонесе и за неколку промени на челната позиција, но на крајот Реа беше човекот кој се искачи на највисокото место на подиумот. Зад него финишираше Лаверти од тимот на Априлија, а на третото место се најде Леон Камиер од тимот на Сузуки, со што се комплетираше комплетно британскиот подиум.

Лорис Баз имаше одлично возење и во првите кругови кога започнаа капките од дожд го замени својот клубски колега на првата позиција, но кога започна да се суши патеката, се покажаа возачките способности на останатит возачи од кои Баз беше за нијанса послаб, освојувајќи го петтото место.

1. Rea (Honda) 17 круга/100.334км за 37'16.058 со просек од 161.535 км/ч;
2. Laverty (Aprilia) 3.073;
3. Camier (Suzuki) 3.480;
4. Guintoli (Aprilia) 3.608;
5. Baz (Kawasaki) 4.140;
6. Cluzel (Suzuki) 5.659;
7. Haslam (Honda) 6.443;
8. Badovini (Ducati) 10.544;
9. Melandri (BMW) 14.017;
10. Davies (BMW) 14.167;
11. Sykes (Kawasaki) 14.180;
12. Neukirchner (Ducati) 26.536;
13. Checa (Ducati) 43.561;
14. Fabrizio (Aprilia) 46.373;
15. Aitchison (Kawasaki) 1'33.624;
16. Sandi (Kawasaki) 1 круг;
17. Iannuzzo (BMW) 2 круга;
Без пласман: Giugliano (Aprilia).

За оние кои ја пропуштија трката, во продолжение видео од целиот настан:

Back To Top