WSBK

Официјално: Супербајк трка на Истанбул Парк

FIM официјално го објави ревидираниот календар за Светскиот Супербајк Шампионат за годинава, потврдувајќи дека патеката Istanbul Park во Турција ќе биде домаќин на трка од Супербајк Шампионатот оваа сезона.

Следете нè на:

 

51 Istanbul Park Aerial View 1Поглед на патеката „Истанбул Парк“ во Турција

FIM официјално го објави ревидираниот календар за Светскиот Супербајк Шампионат за годинава, потврдувајќи дека патеката Istanbul Park во Турција ќе биде домаќин на трка од Супербајк Шампионатот оваа сезона.

Патеката ќе биде домаќин на десетата трка која е закажана од 13 до 15 Септември, помеѓу трките Nurburgring и Laguna Seca, а датата 23 Јуни, на која требаше да има трка, е откажана.

Исто така трките во Silverstone и Imola беа потврдени дека ќе се одржат, а сега и трката во Portimao, која беше предмет на договор, e потврдена.

Последен пат Istanbul Park беше домаќин на светски мото настан во 2007 година со MotoGP.

Календар за „World Superbike“ шампионатот за 2013

24 Февруари: Phillip Island (Австралија)
14 Април: MotorLand Aragon (Шпанија)
28 Арпил: Assen (Холандија)
12 Мај: Monza (Италија)
26 Мај : Donington Park (Велика Британија)
9   Јуни : Portimao (Португалија)
30 Јуни: Imola (Италија)
21 Јули: Moscow (Русија)
8   Август: Silverstone (Велика Британија)
1   Септември: Nurburgring (Германија)
15 Септември: Istanbul (Турција)
29 Септември: Laguna Seca (САД)
6   Октомври: Magny Cours (Франција)
20 Октомври: Jerez (Шпанија)
17 Ноември: Buddh Circuit (Индија)

 

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.