WSBK

Листа на возачи кои ќе бидат дел од Мотул Супербајк шампионатот во 2020

Полека се комплетира листата на возачи кои ќе бидат дел од сезоната 2020 во Светскиот Супербајк шампионат.

Следете нè на:

 

Полека се комплетира листата на возачи кои ќе бидат дел од сезоната 2020 во Светскиот Супербајк шампионат.

Откако Yamaha потврди дека Торпак Разгатлиоглу ќе се приклучи на тимот и ќе му биде тимски колега на Мајкл ван дер Марк, полека се комплетира листата на возачи кои следната сезона ќе бидат дел од Светскиот Супербајк шампионат.

Турскиот возач ќе го замени Алекс Ловс во Pata Yamaha и ќе биде последниот возач кој и официјално е потврден дека и следната сезона ќе бида дел од серијата. Слободно место има во фабричкиот тим на Kawasaki. Од таму се уште не откриваат кој ќе вози покрај Џонатан Реа во 2020 година. Слободно место има и во новиот тим на Honda. Еден од возачите кои ќе настапат за тимот е Алваро Баутиста.

Ловс, Леон Хаслам и Леон Камиер се неколку од возачите кои се уште немаат потврдено каде ќе возат идната година. Покрај овие тројца тука се и Сандро Кортезе, Мајкл Рубен Риналди и Лорис Баз.

wsbk grid txt 03 10

Откако беше потврдено дека Марко Меландри ќе се повлече од тркањето по завршувањето на сезоната 2019, се очекува Федерико Карикасуло да го преземе неговото место и идната сезона да вози за GRT Yamaha.

Поголемиот дел од тимовите кои се дел од Светскиот Супербајк шампионат зимските тестови ќе ги почнат во декември на патеката во Херез, само пет недели откако ќе се одржи последната трка од сезоната која се вози во Катар.

Се  уште не е познат календарот за следната година но она што се знае е тоа дека првата трка ќе се вози на патеката на Филип Ајленд помеѓу 28-ми февруари и 1-ви март.

Распоред на возачи за сезоната 2020

Kawasaki Racing Team:

1. Џонатан Реа

2. Се уште непознат

Aruba.it Racing Ducati:

1. Чез Дејвис

2. Скот Рединг

Pata Yamaha:

1. Мајкл ван дер Марк

2. Торпак Разгатлиоглу

Honda:

1. Алваро Баутиста

2. Сѐ уште непознат

BMW Motorrad:

1. Том Сајкс

2. Јуџин Лаверти

Pedercini Kawasaki:

1. Жорди Торес

2. Лоренцо Савадори

GRT Yamaha:

1. Сѐ уште непознат

2. Сѐ уште непознат

Ten Kate Yamaha:

1. Сѐ уште непознат

Barni Ducati:

1. Сѐ уште непознат

Orelac Kawasaki:

1. Сѐ уште непознат

Goeleven Ducati:

1. Сѐ уште непознат

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.