Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

pirelli wsbk portimao

На сите возачи им се допадна W0735 и го користеа на поголем дел од тренингот како и за време на подготовките за трката. Се додека не беше отстранет во саботата.

На оваа трка, Pirelli донесе пневматици кои вообичаено се користат само во Формула 1. Заедно со нив донесе и целосна опрема за тестирање на пневматиците.

Тестовите кои беа извршени во текот на ноќта открија дека перформансите на пневматикот во текот на целата трка ќе бидат надвор од зоната со која компанијата би била задоволна.

Матео Гиусти од Pirelli објасни зошто пневматиците беа повечени толку доцна:

„Ги анализиравме и двата вида пневматици и забележавме дека кај моделот 735 има мало намалување во однос на перформансите. Иако сме сигурни дека ништо нема да се случи, одлучивме да ги повлечеме. Реа имаше време од 1’32.0 возејќи со тие пневматици. Ова беше еден експеримент и сакавме перформансите да ги издигнеме на највисокото можно ниво, нешто што ќе биде сосема различно. Но после 17 круга, перформансите се намалија за 50 проценти. Не знаеме какви ќе бидат перформансите после 20 круга, можеби би имало намалување од 51 процент. Критично е кога ќе дојдете до 80 проценти. Но чисто поради безбедноста одлучивме да ги повлечеме. Благодарение на мобилната лабораторија успеавме да го откриеме ова. Но доколку ги погледнете пневматиците однадвор, нема да забележите никаква промена на нив. “

Промената на пневматиците претставуваше едне вид на шок за возачите и тимовите кои поради тоа мораа да направат дополнителни промени. Дури и победникот на трката Џонатан Реа изјави дека пневматиците со кои настапил биле далеку од идеални.

Pirelli дозволи гумите да се користат и во неделата но само за време на загревањето.

Back To Top