Вести од светот

We, The Riders: Движење кое сака побезбедни патишта

We, The Riders - Ние возачите, сме возачи од целиот свет. Имаме различни професии и изгледаме различно. Но имаме едно нешто кое не обединува:  Радоста додека возиме.

Следете нè на:

 

За нас возењето е слобода, истражување, спорт, потреба.

Делиме една експертиза, а тоа е возењето. Ние сме експерти за возење. Ги знаеме патиштата, ги знаеме сите рути. Знаеме што е безбедно, а што не е безбедно.

WeTheRiders2433

Ние, возачите возиме одговорно и се грижиме и другите да го прават тоа. Со сите ја делиме радоста која ја има при возењето.

Но на патиштата ние сме невидливи. Буквално сме невидливи од страна на другите возачи. Заборавени сме од оние кои планираат, градат и ги оддржуваат патиштата.

Секојдневно умираат околу 3500 возачи, а илјадници други се повредени. 23% од нив се возачи на мотоцикл.

Тоа што сме невидливи воопшто не е фер, но најмногу од се, тоа е опасно. Безбедноста на патиштата е човеково право. Ние само ги бараме нашите права. Ние возачите не можеме да бидеме повеќе невидливи.

На сајтот на кампањата веќе е отворена петиција која можете да ја потпишете на следниот линк: http://www.wetheriders.com/petition/

Би можело да ве интересира

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Кал Кратчлоу вели дека воопшто не чувствува болка во зглобот кога е на мотоциклот но кога ќе се симне од него е друга приказна.

Новите надворешни додатоци на Yamaha и Ducati добија одобрување, вели техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.