Поминаа речиси три години откако објавивме дека Triumph го паузираше планот за изградба на фабрика за мотоцикли со мала кубикажа.

Triumph и индиската компанија Bajaj објавија дека склучиле договор за глобално партнерство кое ќе му овозможи на Triumph значително да го прошири својот опсег. А овој потег има и смисла. Пазарот на мотоцикли во САД во моментов е во мирување. Состојбата во Европа е подобра но сепак се уште е нееднаква во однос на различните сегменти. Во моментов главна е Азија.

triumph 250cc 2015 india

Состојбата таму ќе се подобрува и во иднина со оглед на тоа дека голем дел од потрошувачите спаѓаат во средната класа и сакаат да го променат мотоциклот со нешто значително подобро. Поради оваа причина и BMW има договор со TVS мото компанијата од Индија за да го произведе G 310 R и останатите модели кои се дел од таа линија. Bajaj веќе има дел од КТМ и го произведува 390 Duke во фабриките во Индија. Bajaj наскоро ќе започне со производство и на мотоцикли од марката Husqvarna, а меѓу кои ќе бидат Vitpilen и Svartpilen концептите кои кренаа голема прашина за време на мото шоуто EICMA во Милано во 2014 година.

Главната поента на целата оваа приказна е дека и покрај тоа што Triumph веќе произведува мотоцикли во Бразил и Тајланд со цел да ги намали трошоците, компанијата сега оди и чекор подалеку, односно планира да навлезе во нов сегмент, не само да произведе мотоцикли во Индија туку да и да ги продава таму во голем број.

Но дали конечно ќе го видиме 250 cc Triumph за кој се зборува веќе подолг период и дали моделите слични на него ќе се најдат на пазарт во Европа останува отворено прашање. Сепак, шансите тоа да се случи сега се значително поголеми.

Back To Top