Вејн Рејни повторно седна на мотоциклот. Овојпат заедно со Кени Робертс и Еди Лосон настапи на патеката во Suzuka, нешто што се нема случено од 1993 година.

Ова е една од најубавите приказни оваа година. Вејн Рејни замина за Јапонија да настапи на познатата патека во Suzuka заедно со поранешните ривали, Кени Робертс и Еди Лосон.

Одличната кариера на трикратниот шампион трагично беше прекината во 1993 година откако при една несреќа за време на Гран При трката на Мисано остана парализиран. Но и покрај ова, тој остана поврзан со светот на мотоциклите. Тоа доведен до настанот кој се случи во ноември оваа година кога за прв пат после 26 години тој повторно седна на Yamaha R1.

Емоционален момомент за Рејни кој доведе до тоа да настапи на Suzuka. Последен пат кога се појави на оваа патека беше во 1993 година кога всушност и победи.

Wayne Rainey txt 1 13 12

„Да не возите сите овие години и потоа да дојдете тука и да извозите неколку круга на оваа патека, навистина не верував дека емоциите можат да бидат толку силни колку што се сега. Веднаш се сетив на прекрасните моменти кои ги имав на оваа патека.“

„26 години немам возено мотоцикл. Фантастично беше чувството кога сменив во шеста брзина и достигнав брзина од 250 км/ч.“

Рејни го извозе кругот заедно со Робертс и Лосон.

Wayne Rainey txt 2 13 12

Но тој не беше единственото лице со хендикеп на патеката. На тројцата возачи им се приклучи и Такума Аоки. По еден инцидент кој се случи во 1998 година, тој остана парализиран. Претходната година, настапувајќи за тимот на Honda, тој заврши на петото место во генералниот пласман.

Аоки остана дел од мотоспортот и учествуваше на Азискиот Гран При шампионат на четири тркала.

Wayne Rainey txt 4 13 12

Back To Top