Вести од светот

Нов Ducati Panigale

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

Следете нè на:

 

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор. Постоеа гласини дека новиот модел ќе има помала моќност но од фотографиите кои можеме да ги видиме изгледа дека компанијата се уште планира да инвестира во twin технологијата.

Однадвор гледано, моторот изгледа многу слично како оној што го има актуелниот 959.  Тоа ни навестува дека Ducati ќе го задржи Superquadro моторот. Сепак, изгледа дека промените се внатре во моторот, најверојатно мало зголемување на моќноста, иако веруваме дека Ducati планира да го задржи под 1000cc.

Исто така има и нов издув кој е  многу поголем отколку кај актуелниот модел. Веројатно овие работи ќе бидат доволни да се исполнат барањата кои се во согласност со Euro 5 стандардите.

ducati panigale 959 02 txt 1 22 05

Друга голема промена кај овој мотоцикл е повторното враќање на единечната вилушка, прва по моделот 848 од пред 10 години.  Во моментов овој модел изгледа како збир на делови од неколку мотоцикли, тркалото и вилушката од верзијата 1299 додека пак предниот дел на мотоциклот доаѓа од актулниот 959 модел.

Надворешниот дел на мотоциклот исто така има промени а предниот дел е прилагоден за да се совпадне со V4. Се чини дека делот за резервоарот останува ист. Мотоциклот кој што го видовме за време на тестирањето изгледа дека е стандарден модел, барем судејќи според суспензијата, но голема е можноста да видиме и неколку други верзии.

А бидејќи нема други вакви големи мотоцикли со кои може да се натпреварува, Ducati лесно би можеле да произведат S или R верзии.Очекуваме компанијата да ја престави новата машина за време на EICMA мотошоуто во ноември а во продажба најверојатно ќе се најде во пролет следната година.

ducati panigale 959 02 txt 2 22 05

Што очекуваме од новиот Ducati 959 Panigale

Мало зголемување на моќноста кое ќе достигне до 165 bhp.

Мотоциклот да ја има истата тежина но би можел и да биде малку потежок.

Ducati би можел да понуди опции мотоциклот да го нарачате со Ohlins суспензија.

Основниот V4 модел изнесува околу 20000 фунти додека пак актуелниот модел 959 околу 14 000 фунти. Новиот модел би требало да биде поефтин од V4.

Актуелниот 959 модел има ABS и контрола на тракцијата. Очекуваме новиот модел да има IMU.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Марк Маркез вели дека е среќен што Романо Фенати повторно се бори за првото место.

Ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.

Спортскиот директор на Ducati , Паоло Чиабати, ги објаснува причините зошто тимот за прв пат во својата историја се одлучи да настапи со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации.

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг е среќен поради враќањето на патеката на Хорхе Лоренцо но не очекува тој да биде во врвна форма.

Листа на сите се познати договори кои возачи и тимовите ги имаат за 2020 година.

Лидерот на табелата Алекс Маркез ќе ја вози шестата сезона во Moto2 серијата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.