Познатиот MotoGP коментатор Ник Харис зборува за најдобрата ера на трките и што го прави Марк Маркез еден од најинтересните возачи за публиката.

Кога поминувате толку многу време со MotoGP тимовите, патувајќи низ светот од една патека на друга, тешко дека ќе ги забележите промените кои се случуваат околу вас.

Но, после една година надвор од спортот, Ник Харис може да се осврне на клучните моменти кои ја одбележаа неговата неверојатна кариера.

Познатиот коментатор ја издаде книгата „ Never Say Never: The Inside Story of the Motorcycle World Championships“, која е дел мемоари а дел хронологија на 70 годишната историја на Гран При трките.

Но сите спомени не се толку добри а Харис имаше проблем да се прилагоди на обичниот живот откако ја заврши кариерата кон крајот на 2017 година. Откако го пропушти стартот на сезоната 2018, Харис го прифати фактот дека не може така лесно да го напушти спортот кој беше централен дел од неговиот живот.

Тој сега е само обичен фан кој од дома ги следи трките. Сепак признава дека се уште е голем подржувач на трките кои според него се на одлично ниво.

„Во првите години признавам дека не бев толку вклучен во спортот но се сеќавам дека ги следев трките. Џоф Дјук и Британските машини беа одлични“, вели Харис. „Потоа дојдоа дво тактните 500cc со Кени Робертс и Бери Шин а по нив Рејни и Лосон како и Шванц и Спенсер.“

„Но мислам дека никој не се сомнева дека трките денеска се врвот на овој спорт.“

„Целосна вклученост на фабриките, различни возачи кои победуваат на трките и голема изедначеност. Безбедноста е подобрена а има и голема публика. На секоја трка во просек има по 151 илјада фанови.“

Nick Harris Txt 1 28 05

Според Харис, во моментов еден возач се издвојува и воопшто не е тешко да претпоставите кој е тој.

Харис вели дека актуелниот шампион, Марк Маркез, веќе е меѓу најдобрите возачи и дека во иднина ќе го има и легендарниот статус.

„Мислам дека сигурно чекори во тој правец. Но како и во секој спорт, многу е тешко да се прави ваква споредба бидејќи работите се различни.“

„Дали Валентино Роси би можел да вози на истиот начин како и Мајк Хеилвуд? Може ли да биде дел од ТТ? Дали Мајк Хеилвуд би можел да биде дел од една модерна MotoGP трка? “

„Марк Маркез е еден од најдобрите. Мислам дека работите кои ги прави со мотоциклот се неверојатно и дека досега немаме видено нешто такво.“

„Сигурен сум дека и Фабио Куартараро, Франко Морбидели и Јоан Мир би го кажале истото. Но да се надеваме дека тие ќе направат нешто уште подобро. Едно нешто е јасно, никогаш нема да ви биде здодевно да го гледате Маркез како вози.“

„Ништо не би ме изненадило кај него, дури и ако еден ден одлучи дека сака во една сезона да биде дел од MotoGP и Moto2.“

Иако во моментов во шампионатот ги имаме Валентино Роси со освоени девет титули, Марк Маркез со седум титули и Хорхе Лоренцо со пет титули, Харис сепак се сомнева дека некој од нив ќе успее да го стигне Џакомо Агостини кои има неверојатни 15 титули.

„Никој нема да успее да ги стигне 15-те титули на Агостини. Тој беше дел од една ера во која слободно можеш да настапиш со 350cc и 500cc и да освоиш две титули во една сезона.  Тоа ќе биде рекорд кој ќе остане засекогаш.“

Nick Harris Txt 2 28 05

Харис признава дека книгата му овозможила на едно место да ги собере сите добри и лоши работи кои ги видел во неговата кариера. Од историски титули до трагични моменти, тој се надева дека неговата работа ќе биде еден вид на бележник за спортот кој го обликуваше неговиот живот.

„Ми се навратија голем број на сеќавања и тоа беше во ред бидејќи на почеток не се чувствував премногу добро“, вели тој. „Но пишувањето на книгата ми го окупираше целото слободно време. Тоа беше добро искуство.“

„Овој спорт е навистина опасен но низ текот на годините безбедноста е значително подобрена. Имаше и неколку тажни моменти. Се надевам дека оваа книга ќе ја покаже мојата сила уште од самиот почеток на кариерата и дека како новинар мораш професионално да ја завршиш својата работа. “

Back To Top