Вести од светот

MotoGP: Милер го сака местото на Петручи во фабричкиот тим

Првите луѓе на Ducati изјавија дека Џек Милер би можел да го преземе местото на Данило Петручи.

Следете нè на:

 

Првите луѓе на Ducati за MCN изјавија дека Џек Милер би можел да го преземе местото на Данило Петручи во тимот и дека наскоро ќе треба да донесат одлука за тоа кој ќе биде партнер на Андреа Довициозо следната година. Ваквата информација следува откако Милер имаше добар настап за време на Гран При трката која се возеше во Остин.

Шефот на Ducati Corse, Паоло Чиабати, веднаш по трката изјави дека е свесен за тешката одлука која ги очекува но напомена дека Петручи се уште има време да ја подобри формата и да го задржи местото во тимот.

„Ќе биде навистина тешко кога ќе треба да ја донесеме конечната одлука бидејќи ни се допаѓаат и двајцата возачи. Засега е премногу рано да кажеме кој ќе биде дел од фабричкиот тим. Ги почитуваме и двајцата возачи и поради тоа нема да ја одложуваме одлуката. Премногу е рано да ја донесеме одлуката после само три трки и тоа најверојатно ќе го сториме некаде околу трките во Муџело или Барселона“.

Miller Petrucci Ducati Txt 08 05

Милер имаше одлична трка во Тексас и за прв пат се искачи на подиумот после победата во Асен во 2016 година. Австралиецот го заврши денот како најдобар возач на Ducati а разликата со Петручи изнесуваше големи 13 секунди.

„Секако, мојата цел е да се обидам и да дојдам до место во некој фабрички тим а би било фантастично доколку тоа е Ducati“ , изјави Милер. „Засега работие се одвиваат според планот но треба да почекаме и да видиме како ќе се развива сезоната бидејќи и во минатото сум имал добар почеток на годината но некаде од трката во Муџело работите почнуваат да се менуваат. Се надевам дека оваа година се ќе биде во ред.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Дали слушнавте? Yamaha најави промени кај 2020 Yamaha YZF-R1 и 2020 Yamaha YZF-R1M а двата модели ги престави овој викенд за време на трката од WorldSBK шампионатот која се возеше во Лагуна Сека.

Електричните мотоцикли не само што го променија возачкото искуство, за некои позитивно а за некои негативно, туку тие исто така влијаеа и на самиот изглед на мотоциклите. За дизајнерите, електричните мотоцикли истовремено преставуваат предизвик но и нови можности.

Фабио Куартараро вели дека следната етапа од неговата MotoGP кариера е да има добра борба со Маркез и Роси.

Алваро Баутиста ја започна втората трка во Лагуна Сека но се повлече после еден круг поради болки во рамото.

Џонатан Реа победи на Tissot-Superpole трката која се возеше во Лагуна Сека. На втората трка од WorldSBK на која победи возачот ка Ducati, Чез Дејвис, Реа заврши на втората позиција.

Серез ќе добие нов асвалт, а во Македонија не се ни спомнува изградбата на тркачка патека од која бенефит би имале сите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.