motori bmw-dealer-of-the-year20125BMW  обвјави дека за оваа година честа да ја добијат наградата за најдобар дилер ја имаат „Procycles St Peters“ и „Valley Prestige Motorcycles“ од сојузната држава Викторија, Австралија.

bmw-dealer-of-the-year20125

BMW  обвјави дека за оваа година честа да ја добијат наградата за најдобар дилер ја имаат „Procycles St Peters“ и „Valley Prestige Motorcycles“ од сојузната држава Викторија, Австралија. Оваа престижна награда се доделува на дилерите  од големите метрополи или малите гратчиња кои имаат остварено значаен успех на сите полиња на нивното работење со посебно фокусирање кон купувачите.

„Да се добие наградата BMW дилер на годината  е навистина големо достигнување за кое требаше напорна работа од страна на целиот тим на Procycles St Peters“. Ние навистина сме задоволни од добиеното признание, и ќе продолжиме да се трудиме да им излеземе во пресрет на очекувањата на нашите муштерии.“ - изјави нашиот Вик Поповски, бизнис менаџерот на „Procycles St Peters“.

bmw-dealer-of-the-year-2012 22

„Да се добие BMW дилер на годината, е блескаво достигнување за „Valley Prestige Motorcycles“, особено затоа што ние сме официјален BMW дилер релативно кратко време. -изјави Дејвит Гитингс, директорот на „Valley Motors“ групацијата. 

Генералниот директор на BMW за Нов Зеланд и Австралија, Тони Сесто, им честиташе на „Procycles St Peters“ и „Valley Prestige Motorcycles“ за наградите и за нивните достигнувања. „Оваа награда е нешто повеќе од бројки на продажба, тоа е за достигнувања во сите области на работата, а посебно за грижата и односот кон купувачите. BMW е динамичен и креативен бренд, а овие две дилерски куќи успејаа да им овозможат позитивно искуство на нивните муштерии!“

Поповски до пред 7 години бил дел од Динамикс во Скопје, потоа тој отишол во Австралија и се вработил најпрво во салон за продажба на Кавасаки, Сузуки и Хонда, каде за кусо време станал менаџер за продажба по што бил забележан од надлежните на застапникот за BMW. Поповски ја прифатил понудата за работа во салонот на BMW, каде веќе во првата година забележал рекордна продажба

Информацијата за успехот на Поповски до нашата редакција дојде благодарение на дописот на неговиот добар пријател Дејан Дукоски, вработен во салонот на Хонда во Скопје.

Back To Top