thumb_todorovski-kovceg500Македонски моторџија од австралиските „Осамените волци“  Нил Тодоровски, кој беше застрелан во главата на 4 јануари во Сиднеј, во саботата беше погребан во позлатен ковчег вреден 42.000 австралиски долари, пишува „Сандеј Морнинг Хералд“.

todorovski-kovceg500

Македонски моторџија од австралиските „Осамените волци“  Нил Тодоровски, кој беше застрелан во главата на 4 јануари во Сиднеј, во саботата беше погребан во позлатен ковчег вреден 42.000 австралиски долари, пишува „Сандеј Морнинг Хералд“.

Ковчегот бил ист модел во кој беше погребана поп-иконата Мајкл Џексон.

Имено Тодоровски (37) беше првиот убиен од серијата пукања низ Сиднеј.

Многубројни моторџии пред да го погребаат Тодоровски  на гробиштата Кабрамата беа собрани во Македонската Православна Црква Св. Никола, каде беа видно вознемирени. На погребот присуствуваа и членови од бандите Финкс и Команчеро.

За неговото убиство уапсен е 25 годишен маж, кој се соочи со судот во Перт минатата недела и се очекува да биде екстрадиран во Нов Јужен Велс оваа недела .

Полицијата, која ги истражува пукањата сеуште нема детални информации бидејќи се соочува со молк од сите блиски на Тодоровски.

todorovski-motordzija500

Извор: Курир

Back To Top