thumb_audi-ducati-635x347Како што се шпекулираше во јавноста, купувањето на Дукати од страна на Ауди беше завршено во текот на вчерашниот ден, откако бордот на директори на германската компанија го потпиша договорот со италијанскиот производител на мотоцикли.

audi-ducati-635x347

Како што се шпекулираше во јавноста, купувањето на Дукати од страна на Ауди беше завршено во текот на вчерашниот ден, откако бордот на директори на германската компанија го потпиша договорот со италијанскиот производител на мотоцикли.

Веднаш по веста за договорот сопствениците на Дукати генерално негативно реагираа на зделката, но во реалноста фабриката ќе добие скоро неограничени средства, одлична бизнис експертиза и напредни начини на производство што само може да го подобри Дукати како бренд.

Имајќи во предвид дека само минатата година Дукати продаде 42.000 мотори, а во минатото се бореше да ја достигне бројката од 30.000 колку што изнесува и точката на пофитабилност на компанијта. Претходните години во кои продажбата одеше далеку под оваа бројка значеше долг за компанијата кој сега ќе биде отплатен со парите од Ауди.

„Новата“ компанија ќе може да работи без финансиски главоболки и сигурно со поголем успех од претходно, па сопствениците на Дукати ќе треба да размислат уште еднаш за своите ставови и негативниот однос кон германскиот сопственик. Да бидеме реални, за влијанието на Ауди да допре до Дукати ќе поминат уште најмалку 4-5 години, период во кој ќе се наметнат нови бизнис планови, а со тоа и нови модели.

Back To Top