Индискиот автомото гигант Mahindra ја презеде контролата над Францускиот производител на скутери.

Нивното преставништво во Европа соопшти дека од PSA ќе ја преземат целата скутер дивизија и дека во следните две години на пазарот ќе се појават седум нови мотоцикли.

Индискиот гигант веќе контролираше 51% од акциите на Peugeot Scooter а сега одлучи да го откупи и остатокот. Со ова се става крај на поврзаноста со PSA групацијата која продава автомобили од брендовите Peugeot, Citroen, DS, Opel и Vauxhall.

Еден од најголемите производители на скутери, Peugeot го креираше еден од најпродаваните превозни средства на две тркала, Peugeot Kisbee. Тие исто така се и голем играч на Азискиот пазар со оглед на тоа дека добар дел од скутерите се произведуваат во Кина.

Mahindra Peugeot Main 30 10

Иако со договорот се отвора можност производството да се префрли во Индија, од компанијата инсистираат на тоа дека останувањето во Европа е од голема важност. За 2021 година има најави дека на пазарот ќе се најдат седум нови модели, а постои голема можност тие да бидат произведени во Индија.

„Ова се позитивни вести“, изјави Раџеш Џеџурикан, претседател на Mahindra. „Kisbee во Европа пополека станува најпродаваното превозно средство кое има зафатнина од 50cc. Peugeot Metropolis е се посилен во Европа и Кина. Целосно го подржуваме „Performance 2020 “ и имаме голем оптимизам во однос на иднината.“

Mahindra е еден од најголемите автомото производители во Индија, веднаш зад TATA и Maruti Suzuki. Во изминативе 20 години фирмата доживеа значителен раст , започна со продажба на основни 4x4 машини а потоа се проширија и на патнички возила, SUV, MPV и мотоцикли. Тие се 17-тата најголема компанија во Индија.

Мотоспорт фановите можеби се сеќаваат дека Mahindra беше дел од Moto3 Светскиот Шампионат. Три сезони беа дел од серијата и три пати се искачија на подиумот. Во моментов тие се дел од FIA Formula E шампионатот.

Back To Top