Компанијата КТМ потврди дека ќе се прошири на пазарот во Азија и дека ќе отвори нова фабрика на Филипините.

Компанијата КТМ потврди дека ќе се прошири на пазарот во Азија и дека ќе отвори нова фабрика на Филипините. Новата формација која ќе биде позната како KTM Asia Motorcycle Manufacturing Inc, одговорна за изградба на фабриката во која се очекува да се произведуваат по 10000 мотоцикли годишно.

ktm opening new plant in the philippines 2

Оваа компанија ќе биде одговорна за создавање на четири од главните улични модели на КТМ: KTM 200 и 390 Duke како и RC 200 и  RC 390. Првично ќе започнат со производство на 6000 промероци со цел да се задоволат локалните пазари, а потоа нивната бројка ќе порасне.

„Отворањето на фабриките во Лагуна и на Филипините се одличен пример за тоа како сакаме да ја прошириме фабриката во секој дел од светот и да се доближиме до нови пазари и нови возачи. Ова е навистина возбудлив период за компанијата,“ изјави Хуберт Трункенполц од КТМ.

Создавањето на оваа фабрика е дел од континуираната меѓународна експанзија и популарност на КТМ. KTM Asia Motorcycle Manufacturing Inc. ќе може да ја задоволи националната побарувачка за мотоцикли, а исто така ќе биде достапна и на локалните пазари, дури и во Кина која сме смета за најголем пазар за мотоцикли во светот.

„Оваа инвестиција е дел од нашето верување дека производството треба да биде клуч за нашиот развој,“ изјави претседателот на KTM Asia Motorcycle Manufacturing Inc, Дино Сантос.„Таа ќе обезбеди работни позиции и ќе ја стави земјата на мапата како главен центар за иновација и индустријализација.“

Back To Top