Во суштина, ваквата информација не е големо изненадување бидејќи ако можеме да судиме според неодамнешното EICMA шоу во Милано, производителите на мотоцикли во моментов се навистина заинтересирани за оваа категорија во авантуристичкиот сегмент.

Магазинот MCN има интересна приказна во моментов, односно, Honda размислува да направи „middleweight“ верзија на  Africa Twin. Но, во суштина, ваквата информација не е големо изненадување бидејќи ако можеме да судиме според неодамнешното EICMA шоу во Милано, производителите на мотоцикли во моментов се навистина заинтересирани за оваа категорија во авантуристичкиот сегмент.

2016 Honda Africa Twin CRF1000L price

Доколку ја погледнете линијата мотоцикли на Honda, веднаш можете да забележите дека на компанијата и недостасува нешто за да може да се носи со мотоцикли како што се BMW F850GS, Triumph Tiger 800, а наскоро и KTM 790 Adventure и Yamaha Terere 700.

Наменета за оф роуд возење, Honda Africa Twin можеби не е најдобриот туринг мотоцикл на пазарот но сепак се наоѓа на самиот врв според своите можности. Според ова, полесна и поевтина верзија на Africa Twin би можела да биде голем хит.

Секако, правењето на ваква машина воопшто не е лесна работа како што неодамна веќе изјави Кенџи Морита, проект лидер на Africa Twin.

Во разговор за MCN, Морита изјави дека Honda ја имаат забележано разликата и дека планираат да направат нешто во врска со тоа. Но со оглед на тоа дека е потребно доста време за да се развие нов мотоцикл, не треба да се надеваме дека наскоро ќе видиме мини авантуристички мотоцикли од Honda.

Вообичаено, кога станува збор за нов модел, потребни се помеѓу три и пет години за да се стигне од идеја до реализација. Работата тука е во тоа дека ако од Honda во моментов само размислуваат да преземат нешто во врска со тој проблем, не треба да се надеваме дека ќе видиме некаква промена пред 2020 година. Како ќе изгледа пазарот на авантуристички мотоцикли следната декада не можеме да знаеме, но во моментов можеме да забележиме дека се случуваат одредени промени.

Мотоциклите како што е KTM 790 Adventure се главни во оф роуд категоријата, а исто така тие се полесни, имаат поголема моќност како и најнова технологија. Ако Honda сака да влезе во оваа категорија, тогаш ова се минималните услови кои мора да ги исполни. Но реалноста е дека бројот на овие услови во иднина сигурно ќе се зголеми.

Извор: MCN

Back To Top