Веќе е потврдено дека Киану Ривс ќе присуствува на овогодинешното EICMA шоу и тоа е добра вест бидејќи неговиот ARCH Motorcycle бренд ќе дебитира со три модели на настанот кој се оддржува во Милано.
Првиот модел ќе биде верзијата за 2018 година на ARCH KRGT-1 за кој очекуваме да биде понапредна верзија на првиот дизајн на ARCH.
Вториот модел е ARCH 1S кој ќе биде поспортска верзија на веќе постоечкиот крузер модел. ARCH 1S има единечна вилушка како и поагресивна позиција на возење.
Третиот модел на ARCH ќе биде комплетно нова машина. Наречен ARCH METHOD 143, овој мотоцикл направен од јаглеродни влакна има „MonoCell“ рамка и повеќе личи на спортски мотоцикл отколку на крузер. Но сепак го задржува нивниот препознатлив дизајн.
Ќе бидат произведени само 23 примероци од моделот METHOD 143 и претпоставуваме дека ќе чинат прилично многу. Нашата екипа од вторник ќе биде присутна на саемот во Милано, следете не за повеќе детали.