Во канцеларијата на Американското регулаторно тело во моментов се разгледува опцијата за воведување на 100% данок на увоз за Европските мотоцикли кои се со зафатнина од 50 до 500cc.

Во канцеларијата на Американското регулаторно тело во моментов се разгледува опцијата за воведување на 100% данок на увоз за Европските мотоцикли кои се со зафатнина од 50 до 500cc.

ThruxtonThruxtonR

Овој проблем потекнува одамна. Но во кратки црти, дел од Американските месни производи не може да се увезуваат на пазарите во Европа бидејќи не исполнуваат одредени стандарди. Американското лоби кое сака да ги воведе овие производи во Европа, на Американската регулаторна комисија и предложи листа на производи за кои сметаат дека треба да имаат поголем данок на увоз. Повеќето од работите се поврзани со храна, но, исто така е предложена и 100% такса за увоз за Европските мотоцикли. Американскиот пазар е голем и во него се застапени многи брендови меѓу кои се и Ducati и Triumph. Доколку се зголеми таксата за увоз, тоа ќе допринесе и до зголемување на цените на овие мотоцикли.

Колкави се шансите ова да се случи? Засега прилично мали. Предлог за зголемување на таксата за мотоцикли досега се има поставено два пати но и во двата случаи не била успешна. Но, со новиот претседател кој најавува дека ќе го заштити домашното производство, шансите предлогот да успее постојано се зголемуваат. Единствено, во 1983 година, тогашниот претседател Роналд Реган воведе 45% увозна такса за Јапонските мотоцикли кои имаат зафатнина поголема од 700cc. Сето ова било направено со цел да му се помогне на Harley Davidson. Откако компанијата  повторно станала стабилна, таксата била укината во 1987 година.

Back To Top