Тестови

Прво возење: 2013 Yamaha TMAX Black Max 530

Кога станува збор за скутери, ние сме многу далеку од европското размислување: скутери, особено макси - скутери, најдобро нешто.

Следете нè на:

 

t-max1Yamaha T-Max 2013

Кога станува збор за скутери, ние сме многу далеку од европското размислување: скутери, особено макси - скутери, најдобро нешто.

Тука, во Велика Британија, ние едноставно не сваќаме. Според нас скутерите служат за: доставување на пица или за стигнување на време на работа.

Оттука не е изненадување тоа што новата Yamaha TMAX 530 не беше забележана од просечниот мотоциклист во Велика Британија. Yamaha вели дека TMAX од една страна е спортски моторцикл, а друга страна дека е практичен и удобен макси – скутер. Храбра изјава.

t-max3

Моторот од 490cc е зголемен на 530cc. Тој сега има алуминиумски клипови, вбризгувачи од YZF-R6, нова оска и поголеми вентили со цел да се зголеми бројот на вртежи.

TMAX има алуминиумска шасија и алуминиумска задна вилушка. Челичниот ланец е заменет со каиш за да се намали тежината.

Изгледот исто така е подобрен со предни фарови кои се слични како на R1 и задно LED светло. Без сомнение, Yamaha сака TMAX да има спортски изглед.

t-max4  

Кога седите на TMAX немате исто чувство како кога седите на други макси скутери. Сите недостатоци од стариот модел се отстранети. Кога се навалувате лево и десно со мотоциклот можете да ја почуствувате неговата тежина, но како и кај повеќето макси скутери, тежината е ниско во шасијата.

Стандардниот додаток во форма на издув „Акрапович“ комплетно го трансформира TMAX. 

Доволен е само мал допир на гаста и TMAX веднаш ќе забрза. Шасијата е цврста, а возењето е слично како кај Ninja 300. Повратните информации од предниот дел не се толку прецизни но сепак TMAX може да ја менува својата насока навистина многу брзо.

t-max6

На семафори во Лондон, едно момче со Vespa GTS 250 беше убедено дека е побрзо од мене. Притискајќи ја гаста и гледајќи во мене, се решив да одговорам на дуелот. Додека веспата и нејзините 12 инчни тркала се обидоа да забрзаат, моторот на Yamaha од 530cc подржан од 15 инчни тркала веќе направи предност. Една милја подоцна, возачот на веспата падна.

Во град, TMAX  не е ривал само на скутерите туку на сите мотоцикли. И покрај тоа што тежи 217 кг. тој е лесен за возење. Возењето е релаксирано бидејќи вие само седите, а вашите раце ја вршат целата работа.

Единствено нешто што сметам дека недостасува се ABS сопирачките. За возење низ град тоа е навистина потребно. Кај TMAX, заклучувањето на предното тркало е редовна појава кога возите брзо.

t-max8

Доколку возите над 70 милји на час, имате чувство дека TMAX  не е доволно опремен. Можеби во град тоа не е проблем но доколку возите на подолга релација, од Лондон до Бирмингем потребна ви е подобра заштита од ветерот. На оваа осамена и ладна патека на север, ми недостасуваат некои од предностите што ги имаат макси скутерите.

Прво, доколку сакате да го наместите прилагодливото стакло морате да застанете. Бидејќи сум премногу мрзил решив да продолжам така да возам. И покрај тоа што седиштето е удобно, тоа не грее. Седиштето на Suzuki Burgman 650 грее. Ниту рачките не се топли. Yamaha сигурно ќе каже „Да, во право сте. Но ова е спортски мотоцикл и ги нема тие удобности“. Мислам дека скутерот може да биде спортски и да биде удобен за секојдневно возење. Нивната цел е да не префрлаат од едно место на друго со сите погодности  што ги имаат мотоциклите и сета удобност што ја имаат автомобилите.

t-max5

Не успеав да возам побрзо од 108mph но и на таа брзина TMAX беше комплетно стабилен. 15 инчните тркала навистина го подигнуваат квалитетот на возењето. При секојдневно возење, светилката за гориво се пали помеѓу 115 и 120 милји. Јас поминав 138 милји пред да запрам и да наполнам гориво. Очекувајте дека ќе го буткате моторциклот доколку не наполните гориво после поминати 140 милји. 

Постојат голем број на додатоци достапни за TMAX но би сакал барем некои од нив да беа стандарден додаток. На пример, рачките за загревање чинат дополнителни 180 фунти. Нели можеше тоа да биде дел од мотоциклот.

t-max2

Потоа, тука е недостатокот од ABS  и можноста ветробранското стакло да се прилагодува во движење. Според мене, тоа се двете основни работи. Исто така и просторот за чување на опремата е многу мал.

TMAX 2013 е одличен скутер, но во вкусовите нема да навлегувам па на вам ви останува да го направите изборот.

Извор: „Motorcyclenews.com“

 

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.